Насловна / Вести / На паркинзите во строгиот центар на градот ќе биде дозволено паркирање само за станарите

На паркинзите во строгиот центар на градот ќе биде дозволено паркирање само за станарите

Општина Центар планира катните гаражи во центарот на градот, кој во најголем дел се полупразни да почнат да се користат. На паркинзите во строгиот центар на градот кај Дом на градежници, Соборен храм, Трготекстил и Зелено пазарче ќе може да паркираат само станарите, а останатите ќе мораат да ги користат катните гаражи.

кг1
„Се работи на измена на Правилникот на ЈП „Паркинзи на општина Центар“. Целта ни е да го регулираме паркирањето и да ги натераме луѓето да ги користат катните гаражи. Имаме и друга опција освен резидентите паркиралишта, а тоа е зголемување на цената на паркирањето во строгиот центар“ – најави градоначалникот Богдановиќ.

кг
Градоначалникот истакна дека имаат неколку идеи што се во фаза на разработка, како на пример, оние што ќе ја користат катна гаража на ЈП ПОЦ да добијат бесплатно користење на тротинет и слично. Но градоначалникот не кажа дали се бара начин жителите во строгиот центар на градот кои имаат сопствени гаражи (оние на Градски Ѕид, кои голем дел се пренаменети, претворени во остави или издадени на магацини за Зелен пазар) ќе бидат условени да ги одржуваат и користат за она за што се и наменети.

ѕид

ѕид1
Богдановиќ потенцираше дека зголемувањето на цената не е со намера да се земат пари, туку да се оневозможи сообраќајот во централното градско јадро, како што е случајот и со улиците во Дебар Маало и Парк, кои се планира да станат пешачка зона за време на викендите кога низ улиците нема да можат да се движат возила во периодот од петок од 18 до 6 часот наутро во понеделник.

Испрати коментар

Scroll To Top