Насловна / Вести / На Олимписките игри во Токио кревети од картон

На Олимписките игри во Токио кревети од картон

Спортистите кои ќе се натпреваруваат на Олимписките игри во Токио 2020. година ќе спијат во кревети направени од картон.

Организаторите ги претставија креветите, поточно 18.000 рамки за кревети, кои ќе се транспортираат во олимпиското село покрај Токискиот залив. Се очекува комплексот да биде завршен во јуни.

tok1

После игрите оди на рециклажа

Како што наведува АП, овие посебни кревети се дело на јапонската компанија „Ервејв“. Направени се од посебен картон, кој е, како што тврди произведителот, поцврст од дрво и кој може да се рециклира.

„Креветите од картон можат да издржат тежина од 200 килограми. Малку спортисти ја преминуваат оваа тежина, но секако, секој кревет, па и оној од најцврсто дрво би се скршил ако скокате на него“, вели генералниот директор на олимпиското село Такаши Китајима.

Креветите по завршување на игрите ќе бидат рециклирани, што е дел од концептот на одржливост за време на организацијата на Олимписките игри кои оваа година ќе се одржат во главниот град на Јапонија.

Покрај креветите со рамка од картон, веќе пишувавме дека и медалите кои ќе ги добијат најуспешните спортисти се дел од приказната за рециклирање и штедење. Направени се од повеќе илјади стари мобилни телефони кои се донирани од граѓаните.

tok2

Направени се од рециклирани мобилни телефони

Исто така, победничките подиуми кои се дел од церемонијата на прогласување на победниците ќе бидат направени од рециклирана пластика.

Кога станува збор за креветите, покрај тоа што нивните рамки се од картон, тоа не е случај со душеците. Сепак, нивните пластични компоненти ќе се рециклираат по завршувањето на игрите.

Олимписките игри почнуваат на 24. јули, а Параолимписките игри на 25. август.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top