Насловна / Вести / На лондонски Хитроу ќе се гради трета писта и покрај противењето на еколозите

На лондонски Хитроу ќе се гради трета писта и покрај противењето на еколозите

Високиот суд во Лондон го одби барањето на невладините организиции за заштита на животната средина, за забрана на прошитувањето на аеродромот Хитроу. Таквата одлука е образложена со недостаток на аргументација од страна на невладините организации кои меѓу другото тврделе и дека министерот за сообраќај дејствувал спротивно на законот кога го одобрил проширувањето.

Доколку планираната инвестиција се реализира, тоа ќе биде првата писта со полна должина изградена во Лондон за последните 70 години. Владата на премиерката Тереза Меј тврди дека експанзијата ќе покаже дека Британија е отворена за бизнис можности и за посилни трговски врски со Азија, по напуштањето на ЕУ. Од друга страна пак, на оваа идеја се противи градоначалникот на Лондон, Садик Кан.

heatrow1

heatrow2

heatrow3

heatrow4

Испрати коментар

Scroll To Top