Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Од први април 2014, 222 компании во Македонија ќе купуваат електрична енергија на слободниот пазар

Од први април 2014, 222 компании во Македонија ќе купуваат електрична енергија на слободниот пазар

Transformer over orange sky
Сите 222 квалификувани потрошувачи кои ќе бидат вклучени во либерализацијата на пазарот за електрична енергија се подговени. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Димитар Петров, уверува дека почетокот на либерализацијата најавен за први април 2014, нема да биде одложен по втор пат  и посочи дека внимателно се анализираат проблемите кои можат да настанат на почетокот од овој процес.

“Нема да дозволиме да има скокови на цената со електрична енергија, особено за домаќинствата и малите компании. Излегувањето од рамките на регулаторниот пазар на добар дел од потрошувачите секако дека ќе има влијание, но имаме симулации и модели кои ќе ни овозможат да го амортизираме ценовниот шок. Евентуалните ценовни шокови би значеле неуспешна или неправилно водена либерализација”, објасни Петров.

Испрати коментар

Scroll To Top