Насловна / Архитектура / Музеј во пустина инспириран од дизајнот на авионот Ф-117

Музеј во пустина инспириран од дизајнот на авионот Ф-117

Глобалната архитектонска фирма Гренслер неодамна претстави проект за реновирање на Музејот за тестирање летови во долината Антилопи, северно од Лос Анџелес, кој ги комбинира димензиите на аеродромскиот хангар со обликот на вселенското летало Nighthawk, американски стелт авион за прв пат изграден во 1980 година.

avion

Овој објект од 5.570 метри квадратни ќе има метален кров проектиран под одредени агли, кој е делумно наведнат кон земјата за да создаде павилјон над стаклениот влез, а ќе биде изграден на местото на постоечкиот Музеј за тестирање летови.

“Изгледа дека редизајнот на Музејот за тестирање летови се совпаѓа со подемот на комерцијалното истражување на вселената, како и со 75-годишнината од пробивањето на звучната бариера“, вели Питер Ванг од студиото Гренслер, пренесува Dezeen.

Архитектите објаснуваат дека ја прошириле површината на кровот правејќи истегнати метални перфорирани рамнини, давајќи карактеристични форми на крила кои светкаат и нудат впечатлива силуета во околниот пустински пејзаж.

Примарниот хангар ќе биде опкружен со платформа за набљудување на вториот кат, така што посетителите ќе можат да ги видат изложените експонати одозгора.

avion1

Според планот, зградата на музејот ќе содржи приемна сала, галериски простор, училници, библиотека и продавница за подароци, како и бар посветен на Флоренс Лоу „Панчо“ Барнс, авијатичарка која го основала првиот синдикат на филмски каскадерски пилоти.

Инаку, во оваа пустина беа тестирани некои од првите млазни и вселенски технологии, што на објектот му дава дополнителен шарм.

Првата фаза од изградбата на новиот Музеј за тестирање летови веќе е почната, а завршувањето на работите е планирано за 2024 година.

Испрати коментар

Scroll To Top