Насловна / Вести / МојВоздух со комплетно редизајнирана верзија

МојВоздух со комплетно редизајнирана верзија

Горјан Јовановски не информира за комплетно новата верзија на познатата македонска апликација МојВоздух! Од денес, после скоро 5 години постоење, МојВоздух добива комплетно редизајнирана верзија. Со прекрасен интерфејс кој што се стреми да им помогне на корисниците да подобро го разберат загадувањето, до нашата нова маскота Воздушко кој ја едуцира помладата публика за загадувањето и важноста на чист воздух!

мој1
Тој вели „МојВоздух започна како иницијатива во 2014 година, и од тогаш има над 100.000 корисници низ Македонија и Србија. Годинава, МојВоздух ќе се прошири низ балканот (започнувајќи со Косово), и наскоро се надеваме дека ќе може да ја покренеме свеста на што повеќе граѓани околу штетата од загадувањето на воздухот.
Но тука не запираме. МојВоздух и понатаму ќе се стреми да воведува повеќе едукативна содржина, како и повеќе можности како граѓаните да ги преземат работите во свои раце и да ја подобрат животната средина.
Се надевам дека со ова им испраќаме порака на надлежните институции дека притисокот нема да запре се дур не димеше сите чист воздух“!
Слики од новата верзија, како и повеќе факти околу историјата на МојВоздух, може да пронајдете на следниот линк: https://drive.google.com/drive/u/0/folders/1abE3QzgtLe4HbDQo9ac1PzfcMiMrQigS
Новата верзија може да ја преземете на следните линкови:
Android – https://play.google.com/store/apps/details?id=com.gorjan.airquality
iOS – https://apps.apple.com/app/id1190987663

мој

Испрати коментар

Scroll To Top