Насловна / Архитектура / Микро куќата „La Pointe” во Канада

Микро куќата „La Pointe” во Канада

Атрактивна дрвена куќичка опкружена со регионалниот парк Poisson Blanc во Канада е добар пример како мали измени во дизајнот можат да трансформираат класична куќа со спуштен кров во модерен и атрактивен објект.

2
Сместена 120 километри од Отава, микро куќата „La Pointe” достапна е за посетителите на канадскиот парк и можат да ја изнајмат за пократок период и да уживаат во природата.
Архитектонското биро од Монтреал „Atelier l’Abri” ја проектирало оваа модерна реинтерпретација на планинска куќа. Од класичната форма во буквата А, „La Pointe” нешто изгубила, а нешто задржала, се со цела за подобро поврзување со природното опкружување.

1
Со својата триаголна форма куќичката нуди реинтерпретација на легендарната куќа во А-форма која во тек на 50-тите години стекнала голема популарност во Северна Америка.

На архитектите им било важно да креираат „едноставна, речиси скулптурална градба, која ќе понуди функционален простор свртен кон природата“, наведуваат од „Atelier l’Abri”.
Косиот кров прекриен е со метални панели, што е стандарден избор во тоа климатско подрачје. Надворешноста е обложена со кедар, кој со тек на времето ќе поприми сребрена патина.
Внатрешниот дел е смален на една половина во однос на традиционалната куќа, а другата половина е искористена за функционален надворешен простор – голема наткриена тераса која може да се користи голем дел од годината.

3
Масивните прозори и внатрешноста обложени се со дрво, доплнително ја повикуваат природата внатре и креираат пријатен и светол амбиент. Во ентериерот доминира комбинација на дрво и црна боја која истовремено дава модерен и рустичен изглед.

4
Внатрешниот простор е отворен и го сочинуваат повеќе функционални зони. Во приземјето се сместени чајна кујна и трпезарија, кои воедно функционираат и како дневна соба и додатна спална соба.

5
Куќичката е опремена со мебел изразботен по мерка, па така трпезариската маса е дизајнирана да може да се спушта и прекрие со душеци, така овозможувајќи дополнителен простор за спиење.

7
Главната спална соба сместена е на галерија.

6 8 10

Испрати коментар

Scroll To Top