Металот како елемент во уредување на градините
Насловна / Вести / Металот како елемент во уредување на градините

Металот како елемент во уредување на градините

Сјајни, ’рѓосани или обоени, металите може да се користат, како структурно така и декоративно во вашата градина. Во поново време постои голема примена на металот за уредување во градините. Притоа се користат метали како челик, алуминиум, цинк, месинг, бронза, бакар и слично.

12
Ковањето на железото е еден од најстарите занаети. Иако во поново време со напредокот на технологијата овој занает речиси е пред изумирање, многу често се користи за изработка на огради од ковано железо. Истите може да бидат формални и неформални. Неформалните метални огради најчесто се изработуваат за декор на потрадиционалните градинарски стилови.

17

Кај нив покрај металните транспарентни преградни елементи често се додаваат најразлични декоративни елементи. Овен како ограда може да се сретне и во форма на најразлични метални конструкции како перголи, натстрешници, лакови итн.

18
Бакарот е одличен скулпторски метал за употреба во градината, бидејќи неговата еластичност дозволува да се свитка и да се манипулира во убави форми. Со оглед на фактот дека станува збор за нерѓосувачки метал тој претставува идеален за изработка на водни елементи во градината.
Месингот е легура на бакар и цинк што создава жолтеникав, сјаен метал кој може да биде високо полиран.

4

Месингот со висока содржина на бакар има заштитен слој кој ја спречува корозијата. Вообичаено се користи во модерни градинарски стилови поради високиот степен на сјајност, но не е исклучен и во традиционалните градинарски стилови. Може да се сретне во најразлични форми како жардиниери, статуи, декоративни рачки и слично.

2
Доколку имате стар, ’рѓосан градинарски мебел, тој може да се обработи со што би се продолжил неговиот животен век. ’Рѓата најчесто се отстранува механички со челична четка по што потребно е да се премачка со основна заштитна боја, а потоа со финалниот премаз во саканата боја. Постојат и голем број хемикалии за заштита на металот од ’рѓа како татнинска и фосфорна киселина. Кованото железо исто така може да се заштити со восок за спречување на ’рѓа.

8

Мебелот од метал во градината може да апсорбира или да рефлектира топлина од повеќе површини. На ова може да се гледа како предност или недостаток, во зависност од годишното време како и експозицијата на која е поставен. Летно време тешки и темно обоени метали лесно се загреваат до температура која може да предизвика изгореници на кожата. Лесниот и рефлектирачки алуминиумски мебел останува ладен дури и во лето изложен на директна сончева светлина, но тоа може да претставува проблем во поладните денови во годината. Поради карактеристиките на металите и нивната неудобност при седење, најчесто истите одат во комбинација со дрво или перничиња.

15

Металните паравани сè почесто се користат во уредувањето на дворовите, поради можноста да бидат обработени ласерски, во одреден мотив, што во голема мера дозволува да се вклопат во секој градинарски стил. Тие се среќаваат како кругови, геометриски тела, апстрактни или традиционални модели.

10

Во овој случај металните плочи најчесто се доста тенки, а обработката може биде прозрачна со што би се овозможило достапност на светлината на двата краја на градината. Ваквите паравани освен за преградување на делови од градината многу често се користат и како декорација во просторот, најчесто монтирани пред обоен ѕид, кој со посебна илуминација дава посебен ефект во ноќните часови. Ваквите паравани може да бидат изработени од алуминиум, челик, барак или месинг.

7

Металните рабници во градината се среќаваат како алуминиумски или челични. Челичнините може да бидат обоени во различни нијанси. Нивната намена е да се направи јасна поделба помеѓу тревникот и аранжираните делови со растенија, камен или мулч.

9

14

Формата може да биде права или искршена под одреден агол по цела должина кај формалните градини или брановидна и крива кај неформалните градини. Најчесто овие рабници се со висина од околу 5 до 15 см, а во земја се прицврстени со клинови закопани во поголема длабочина.

20

Paal Grant Designs

Автор: Филип Филипоски, дипл. шум. инж.

Биро Проект

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top