Насловна / Арт и дизајн / Mellom – еден сосема обично необичен стол

Mellom – еден сосема обично необичен стол

Интересно е на колку се начини всушност може „повторно да се измисли стол“.

Ова парче мебел е неизоставно во секој дом, а во него своето место го пронаоѓа со леснотија и многу суптилно. Од работната соба, преку кујната и трпезаријата, па се до детската соба и дневната соба – столовите се општо присутни. Па, повторно, меѓу сите нив, понекогаш има еден што изгледа прилично неверојатно, и покрај неговата едноставност.

1

Всушност е убаво кога уметниците во својата работа, дизајнерите на мебел ќе покажат дека се уште не кажале сè кога е во прашање дизајнот на стол. Ви претставуваме еден сосема обично необичен стол, дело на дизајнерот Thomas Kaland. Го носи името Mellom, што на норвешки значи „помеѓу“. Овој стол е нешто помеѓу наједноставниот скандинавски дизајн и врвната функционалност.

2

Mellom ги задржува класичните елементи во својот дизајн, како што е дрвено кружно седиште и ногарки, кои меѓутоа ги спојува и носи метална конструкција која се наоѓа во средината. Најинтересно во целата приказна е што гледајќи го овој стол, имате впечаток дека неговото седиште лебди над неговите ногарки. Не одвојувајќи се ниту чекор од својата совршена функционалност, овој стол внесува интерес за класичниот дизајн и повторно го „измислува“ начинот на создавање столови на современото доба.

4

3

Испрати коментар

Scroll To Top