Насловна / Вести / Мебел за љубителите на „Војна на ѕвездите“

Мебел за љубителите на „Војна на ѕвездите“

Disney и Lucas Films го ангажирале филипинскиот дизајнер Kenneth Cobonpue да создаде линија на мебел Star Wars, наменета за возрасни.

kene

Cobonpue се занимава со дизајн на мебел веќе 20 години и прогласен е за дизајнер на годината на престижниот француски собир на дизајниран мебел Maison & Objet. Познат е по создавање чувствителни, рачно изработени столици и фотелји, структури кои лебдат на проѕирни решетки.

Кога Cobonpue ја добил понудата од Disney Aѕiа, бил обесхрабрен, па дури и малку нервозен. Впрочем, сувенирницата Star Wars е нешто што е кич, а Cobonpue е ценет дизајнер.

star
„Бев неверојатно возбуден од проектот, но и помалку обесхрабрен од можноста да пропадне целиот проект, доколку дизајнот не е буквално превземен од филмовите“, вели Cobonpue. „ Не бев сигурен како да ги ускладам својата филозофија на дизајнот и јазикот со франшизата Star Warsa, но одлучив едноставно да гледам како на дизајнерски предизвик…знаев дека морам да вградам различни форми и мотиви од светот на „Војна на ѕвездите“, да бидат препознатливи, но да не бидат буквално препишани. Изнаѓање на оваа рамнотежа се покажа за мене како најголем предизвик“.

dark star-wars-SIDIOUS02
Cobonpue се одлучил да не го менува својот стил поради “Војната на ѕвездите“. Ткаењето кое е присутно на неговите столици Tie Fighter и Darth Vader, помалку или повеќе е идентично со она на неговата сегашна збирка. Неговата столица за лулање Chewie е влакнест материјал кој може да се вклопи во кој било современ мебел.

chewie
Оваа колекција беше достапна само на Филипините, но доаѓа и во САД и ќе биде достапна за купување на повеќе места, вклучувајќи ги Чикаго, Вашингтон, Њујорк и Лос Анџелес.

imperial_tie_2

star-wars-line
Тие се уште не се достапни за да нарачате онлајн. Цените на изложбените парчиеа се движат од 655 до 4.320 долари, што само покажува дека Star Wars манијата не стивнува.

luster masi tie-black star-wars

Испрати коментар

Scroll To Top