Насловна / Вести / Маси со вградени мини градини

Маси со вградени мини градини

Blooming Tables е „првата жива линија на мебел во светот“. Колекцијата вклучува маси за внатрешни простори кои всушност претставуваат мали затворени градини. Токму ваков допир на природата им е потребен на модерните, мали домови за да внесат доза на свежина и зеленило, бидејќи сè поголем број луѓе, особено поради состојбата со вирусот Корона, се обидуваат да се доближат што е можно поблиску до природата.

8

7

Биофилниот дизајн е повторно во раст и многумина се трудат да и посакаат добредојде на природата во своите домови. Blooming Tables е нов биофилен дизајн на маса која му овозможува на растителниот свет да го најде своето место во вашиот дом, веднаш под транспарентна стаклена површина. Blooming Tables се достапни во четири варијанти – како работна маса, масичка за кафе, конзолна маса и помошна маса.

4

2

Секоја од овие маси е опремена со акрилна када која го одржува растителниот свет, односно содржи почва и вода во херметички затворен простор. Она за што нема да има потреба да се грижите е истекувањето на водата преку рабовите и капење на вашиот килим. Акрилните кади се наполнети со слоеви чакал и активен јаглен со цел полесно да се апсорбира водата и да се избегне ситуацијата на прекумерно наводнување на растенијата. Можете да садите растенија според вашиот вкус и да создавате аранжмани што ви се допаѓаат. Сукуленти, папрати, мов и други мали убави растенија се како создадени за одгледување во овие типови на собни градини.

Секоја маса е направена од борово дрво и е достапна во различни големини, со цел да се вклопи што е можно полесно во модерен дом.

3

6

1

10

Испрати коментар

Scroll To Top