Насловна / Вести / „Макстил“ ги заврши активностите за еколошка дозвола

„Макстил“ ги заврши активностите за еколошка дозвола

makstil ekologija

„Макстил“ ги заврши активностите за еколошката дозвола. Компанијата целата постапка  ја чини 22 милиони евра. Од Фабриката велат дека во моментов имаат намален број на нарачки. Очекуваат дека исполнувањето на оперативниот дел од договорот ќе им помогне да ги намалат трошоците и побрзо да ги надминат загубите.

„Ние веќе направивме некои зафати кои ни ги намалија трошоците, па загубата што ја правевме сега е преполовена, што е многу значајно. И инвестициите за зголемена енергетска ефикасност, исто така ќе ни се вратат за околу година и пол до две“, вели претседателот на одборот на директори на „Макстил“, Минчо Јорданов.

Од „Макстил“ велат дека добиените вредности во пробната работа се пониски и од европските пет милиграми на метар кубен. Набавена е и мерната станица за амбиентален воздух.

„Добиените вредности од мерењата извршени во периодот од пробната работа, но и после тоа, покажуваат дека максималните емисиони вредности се движат во рамките од 0,01 милиграм до 0,03 милиграми на метар кубен“, изјави генералниот директор, Иван Бановски.

Поставувањето на системот за отпрашување „Макстил“ го чини 12 милиони евра. Крајниот рок за воспоставување на системот беше 31 октомври 2014 година, откако компанијата доби пролонгирање од шест месеци.

Испрати коментар

Scroll To Top