Насловна / Вести / Луксузно опремен стан – Удобност, елеганција и природна светлина

Луксузно опремен стан – Удобност, елеганција и природна светлина

Влезете во еден луксузно уреден стан, со уникатни детали и максимална природна светлина, кој е сместен во нова, модерна мала зграда во Скопје.

дневна (3)
Целата идеја, распоред и дизајн, инвеститорите ја извеле сами и ја претвориле во вистинско „семејно гнездо“. Овој елегантен и функционален стан од 130 квадратни метри, кој е замислен и создаден за четричлено семејство, претставува современа естетика кон која тежнее секое семејство. Штом влезете низ пространиот ходник, веднаш добивате глобална слика за станот. Поглед кон модерната дневна зона и кујна организирани во отворен животен простор. Во ходникот е поставен функционален и елегантен плакар, од каде се преминува во кујната, во која владеат едноставноста и елеганцијата во совршен склад со бела и боја на дрво.

ходник плакар
Кујната е линиска, со доволен простор за складирање и работни површини, идеален за користење на четричлено семејство. Дел од кујнските елементи, како фрижидерот и машината за садови се скриени зад панелите од медијапан, а сите елементи се на допир, со меко затварање. Целата кујна е изведена со австриска иверка и боен медијапан, како и австриски механизми за совршено функционална и модерна кујна. Веднаш до кујната е изведена и мини винарија, која одлично се вклопува во замислата за ефикасно и функционално катче.

кујна (1)
Веднаш по кујната ве пречекува простор со висок тавански плафон, со големи стаклени портали кои го осветлуваат целиот стан, простор кој е замислен за совршен собир на едно семејство, со прекрасен поглед кон Водно. Дневениот простор и трпезаријата се комплетирани со комфорен и елегантен италијански мебел, каде заедно со минималните детали низ просторот и ѕидовите со декоративна техника даваат уникатен стил и топлина во просторијата. Овој светол и простран стан го дополнуваат модерни висечки лустери и рефлектори кои создаваат магична и удобна атмосфера.

галерија (4)
Благодарение на високите плафони, станот е поделен на две засебни единици – нивоа, со што се постигнува чувството на идеално домување – куќа. Двете единици се поврзани со елегантни, минималистички скали кои не одземаат многу простор од дневната соба, и стаклена ограда – спајдер, која додава прозрачност и му дозволува на просторот уште повеќе да дише. Посебна убавина и топлина во станот дава и луксузниот водоотпорен под – винил, со дрво-дезен којшто е многу актуелен во светот и совршено се вклопува во станот. Од дневната соба има директен пристап на балконот, кој е одлично место за кафе и опуштање.

кујна и трпезарија

дневна и трпезарија (4)
На сосема другиот крај од станот е поставена спалната соба, која е оддалечена од главните заеднички случувања во станот и е апсолутно мирна. Во оваа соба преовладуваат сивата боја и дрво-декор, како идеална комбинација која опушта и полни со позитивна енергија, заедно со големиот и удобен лежај за максимална релаксација и уживање. Во оваа соба особено привлекува внимание ѕидот обложен со дрво, на кој е поставен ТВ-уредот, како функционално решение за да се скријат сите кабли. Заедно со сите декоративни елементи, спалната соба изгледа како вистинска „оаза на мирот“.

спална (1)
Во склоп на спалната соба поставен е гардеробер, каде директно зачекорувате во голем, простран „Walk In“ плакар, од дрво иверка, со фиоки со стакло, полици, закачалки и декоративни кутии – дизајниран токму како секој гардеробер од соништата.

walk in плакар и шминкара спална (1)
За да биде уште пофункционален овој стан, направена е и посебна, помошна просторија – утилити, која е од огромно значење за функционалноста на домот, и ги задржува мирот и организираноста во станот.
Првото ниво на овој стан завршува со ултрамодерна и луксузна бања, изработена со првокласни шпански плочки и санитарија, каде комбинацијата од мермер и дрво дава убавина и топлина на бањата.

бања1
На второто ниво во станот се наоѓа трендовски простор создаден за млади, со голема дневна соба – „Chill зона“, со работен простор, два „Walk In“ плакари, модерна бања како и широка галерија со поглед спрема отворениот дневен простор на долното ниво, простор кој е идеално осветлен благодарение на изобилството од светлина што се добива од високите алуминиумски портали. Во иднина е предвидено второто ниво да биде преобразено во голема детска соба – како вистински рај за најмалите.

тераса галерија (1)
Во склад со најновите технологии, станот е целосно опремен со Smart Home систем (паметен дом), каде секој уред се контролира преку таблет, преку мобилен телефон или механички преку паметни, стаклени прекинувачи на допир. Покрај управувањето од дома, целиот стан може да се контролира и надвор од домот, што го прави овој стан уште побезбеден и енергетски поефикасен. Почнувајќи од светлата, системот за ладење/греење па сè до ролетните, станот се управува и преку гласовни команди, каде со секое „Good Morning“, самиот систем го буди станот, ги отвора ролетните, ја вклучува омилената утринска музика, греењето и го подготвува станот за новиот ден. Клучни зборови за овој стан се удобност, елеганција и природна светлина, каде преовладуваат модерни и функционални парчиња мебел, како и декоративни елементи и технологија кои внесуваат луксуз во целиот амбиент. Станот иако пред сè е наменет за домување, истиот беше искористен за да послужи како тест-проект на инвестиротот, сè со цел да се утврдат капацитетите и можностите на фирмите за масовно ентериерно уредување и најважно од сè, да се утврди точната финансиска конструкција, како би успеал инвеститорот да понуди лускузно опремени станови на пазарот, нешто што е практика повеќе години во западните европски држави и САД, каде инвеститорите продаваат исклучиво готови и ентериерно наместени луксузни станови. Се надеваме дека во брзо време и кај нас ќе биде понудено истото.

C:UsersdejanDropboxSeismic DesignLerinskavo gradbaARHITEK

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top