Насловна / Арт и дизајн / Лондонска галерија ќе стане реплика на студиото на Хуан Миро

Лондонска галерија ќе стане реплика на студиото на Хуан Миро

Во јануари следната година, Mayoral Gallery од Барселона во лондонска галерија во отмениот кварт Мејфер ќе донесе реплика на студиото на славниот шпански уметник Хуан Миро.joanmirolondon

Оваа водечка уметничка галерија во Барселона, која ја водат браќата галеристи, Eduard и Jordi Mayoral, во британскиот главен град, ќе ги доведат делата на шпанскиот надреалист Хуан Миро во студио коешто ќе биде изградено само за таа пригода.

Така, галеријата во квартот Mayfair, на адреса Duke Street St. James 6, ќе стане реплика на casino online оригиналното студио на Миро.

Ентериерот на оригиналното студио бил дизајниран од страна на близок пријател на Миро, познатиот шпански архитект Josep Luís Sert, а со цел што поверно да се пренесе студиото во Лондон, тимот на галеријата Mayoral користи фотографии од 70-тите години на минатиот век снимени од Jean-Marie del Moral и со помош на сеќавања од внуката на Миро, Joana Punyeta Miró, историчар на уметноста.

Во студиото ќе бидат изложени повеќе од 20 платна и графики на авторот, потоа реплики на мебел и теписи, и реплика на легендарниот со боја испрскан комбинезон. „Miró Studio“ ќе биде отворено за јавноста од 21 јануари до 12 февруари 2016 година.

Испрати коментар

Scroll To Top