Насловна / Вести / Леонардо ДиКаприо ивестираше во шпанскиот фотонапонски стартап SolarMente

Леонардо ДиКаприо ивестираше во шпанскиот фотонапонски стартап SolarMente

SolarMente е основан во 2020 година во Шпанија од страна на холандскиот инженер Драјер и програмерот од Франција Гардриније. Овој стартап со седиште во Барселона, применува нетрадиционален модел за финансирање на инстаирањето на фотоволтаици за домаќинствата. Со цел да мотивира што поголем број граѓани да користат соларна енергија, воведена е услугата на исплата нa инвестицијата на рати. Оскаровецот и докажан борец за заштита на животната средина ДиКаприо е еден од инвеститирите во оваа компанија. Имено, SolarMente нуди модел на плаќање во месечни рати за поставување на фотоволтаици на покривите од резиденцијалните објекти. Така се овозможува „развлекување“ на трошоците за инвестицијата. Услугата чини 40 евра месечно за 20 годишен договор. Според збровите на основачите на компанијата, високите почетни инвестиции с еглавна бариера за развој на соларните системи во Шпанија.

1_39

Плаќањето на рати, на клиентите им овозможува да ја произведуваат, складираат и продаваат својата обновлива енергија. Неодамна, компанијата стартувала и со услугата виртуелни батерии, која овозможува складирање на вишоците кои може да се користат подоцна или да се поделат со други домаќинства.

1_40

Актерот е познат по својот ангажман во заштитата на животната средина. Ова е негова прва инвестиција во Шпанија. Финансирал и уште неколку технолошки стартапи од областа на одржливиот развој. Неодамна тој инвестирал и во Nature Coating, биохемиска компанија која го претвора дрвниот отпад во нетоксични и јаглеродно неутрални пигменти и дисперзии.

Испрати коментар

Scroll To Top