Насловна / Архитектура / Легендарниот Френк Гери со уште еден проект во ЛА

Легендарниот Френк Гери со уште еден проект во ЛА

Наскоро Френк Гери може да има уште еден проект во Лос Анѓелес. Легендарниот архитек има многу објекти во градот, а во последно време е зафатен со комисии за се, од хотели, музлички училишта до целата река ЛА. Неговиот најнов проект би требало да го замени со нов објект прочуениот ресторан „ Gladstones“ кој се ноаѓа на обалата на Малибу. Неодамна градскиот одбор започна преговори со компанија кија по проектот на Гери прочуениот ресторан ќе го замени со нов.

Gladstones

„Gladstones“

Од своето отварање 1972 година ресторанот „Gladstones“, променил неколку имиња и сопственици, но секогаш привлекувал гости кои уживале во гастрономските вештини на славни шефови. Изгледот на ресторанот во многу нешта ја дефинирал плажата Малибу и бил чест гостин во холивудските филмови и серии.
Официјалните лица се залагаат за обнова на парцелата од 2.8 хектари на која се наоѓа ресторанот, а која е во сопственост на државата. Објавен е конкурс за нов закупец кој ќе закупи локацијата и на себе ќе ја превземе одговорноста да го обнови ресторанот. Супервизорот Шила Кјул состојбата на „Gladstones“ ја нарече „сериозно влошена и застарена “.

2

Макета на идниот ресторан во Малибу

Градските челници како потенцијални идни сопственици ја наведуваат компанијата PCH Beach Associates со која влегуваат во ексклузивни преговори. Поменатата компанија во работата на новиот ресторан би го вклучила и славниот шеф на кујна Wolfgang Puck, кој би ги следел работите на идниот ресторан.
Прелиминарните планови укажуваат дека новиот ресторан ќе има простор за ручавање, бар и базен на кров, отворена пространа тераса, простор за помали продавници и продавници за сладолед. Исто така, ќе има “споменик” кој ќе му оддаде почит на „Gladstones“, кој на оваа локација работел скоро 50 години.

1

Макета на идниот ресторан во Малибу

Сепак, изработката на проектот нема да може да отпочне веднаш. Парцелата е во краткорочен закуп, кој градот ќе може да го прекине на 1 ноември 2019 година и после тоа новиот закупец ќе располага со локацијата во наредните 50 години.
Во изјавата дадена неодамна, Шила Кјул која е член на надзорниот одбор, вели дека новиот ресторан ќе стане „светска класа“.
Раните прикази за проектот покажуваат дека ќе има асиметричен дизајн, со ѕидови од стакло, со поглед на плажа и три кули кои се издигнуваат од главната структура.

3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top