Насловна / Архитектура / Кулата Нотр Дам ќе биде реконструирана за да биде идентична со оригиналот

Кулата Нотр Дам ќе биде реконструирана за да биде идентична со оригиналот

Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна изјави дека со реконструкцијата на Нотр Дам, кулата на познатата катедрала во Париз ќе биде реновирана така што ќе изгледа исто како пред катастрофалниот пожар минатата година. Тој посочи дека ќе се гради реплика на 93-метарската кула Виолет-ле-Дук, која станала составен дел на катедралата во текот на 189 година, за време на проектот за целата реконструкција на Нотр Дам. Претседателот им верува на експертите, и ги одобри основните нацрти на проектот што му ги претстави главниот архитект, според кои се планира идентична реконструкција “, стои во официјалното соопштение на Елисејската палата.

kula
Планираната реконструкција на кулата Виолет-ле-Дук е во согласност со законот на Владата одобрен од Сенатот, според кој реконструкцијата на катедралата мора да биде верна на „последната визуелна состојба“.
Имајќи ја во предвид првичната изјава на претседателот кога побара „инвентивна реконструкција“ и рече дека планирал да го изгради Норт Дам за да може да биде уште поубав отколку што бил, се чини дека работите се смениле.
Оваа изјава беше проследена со иновативни, но и алтернативни решенија на дизајнерите и архитектите низ целиот свет, како за самата кула, така и за остатокот од катедралата.

kula2
Според Би-Би-Си, се претпоставува дека промената во мислењето на Макрон делумно е условена од неговата желба брзо да се реновира катедралата.
Веднаш по пожарот, претседателот на Франција изјави дека сака реновирањето да се реализира во рок од пет години, така што сè ќе заврши до Олимписките игри во 2024 година, што треба да се организираат во Париз.
Сепак, предложениот рок го оспорија повеќе од илјада архитектонски експерти, кои му напишаа отворено писмо на Макрон, во кое го поканија да ја преиспита неговата одлука.

kula1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top