Насловна / Архитектура / Кула инспирирана од сончогледи

Кула инспирирана од сончогледи

Во земјите од Латинска Америка владее загриженост поради трендот на брзо ширење на градовите и урбаните средини, поради што меѓу другото доаѓа и до губење на ендемските видови. Како резултат на овие состојби, еквадорското проектно студио oficina de Diseño (odD +) ја предлага изградбата на Sunflower Tower. Проектот подразбира изградба на станбена зграда инспирирана со цветот, семето и листовите на сончогледот, во главниот град на Еквадор.

sunflower tower2

Кулата е замислена како „вертикален екосистем“ со бујни одржливи градини кои се наоѓаат на секој кат. Фасадата би овозможувала природно прочистување на воздухот, како и храна и живеалиште за локалните птици и инсекти. Проектот во моментот е во фаза на развој, а ќе содржи станбени единици на површина од 7.150m². Повеќеслојната фасада ја карактеризираат низа застаклени површини од подот до таванот кои овозможуваат панорамски поглед на градот. Идејата е Sunflower Tower да биде еден вид „складиште“ на растителниот и животинскиот свет во урбаната средина.  Инсталирањето на одржлив екосистем во урбана средина, го намалува јаглеродниот отпечаток на кулата и создава врска со природата, бидејќи секој стан е опкружен со сопствена мини шума. Според архитектите, ова би создало единствено искуство за станарите. Ентериерите се замислени со минималистичка и современа естетика со фокус на отворениот простор.

sunflower tower3

sunflower power4

 

Испрати коментар

Scroll To Top