Насловна / Вести / Куќа во Сараево со ѕидови од даб

Куќа во Сараево со ѕидови од даб

Архитектонското биро „Проект V Архитектура“ добило задача да го осмисли доградување на „гарсоњера“ на босанка куќа во Сараево стара 40 години. Сопствениците на куќата, корисник на инвалидска количка и неговата сопруга, сакале да имаат простран и осветлен простор практичен за живеење. 1_resize Постојната семејна куќа е изградена во осумдесеттите години на минатиот век и за време на својот живот била реконструирана преку спонтани интервенции и проширувања. Последиците од ваквите непланирани реновирања биле ограничен простор за живеење, т.е. оневозможено движење во инвалидска количка и собирање на големото семејство. 8_resize Доградбата која архитектите ја нарекле „Half House” има за цел да одговори на спонтаниот пејзаж, преку едноставна минималистичка архитектура, која воведува правилност во својата околина. 3_resize 9_resize   „Гарсоњерата“ може да функционира независно од телото на главната куќа. Содржи голема трпезарија, дневна соба со отворен план, покриена тераса со скара, бања и галерија за одмор и читање со одличен поглед. Во функционална смисла, проширувањето е помеѓу самостална единица, простор за собирање на семејството и селска викендица, што ги збогатува можностите за користење на домашните. 10_resize Новата доградба добила облик на покрив со еден наклон и два бочни sида, создавајќи долг простор со отворен план кој дава чувство на прегледност и пространост. Поврзувањето на внатрешниот простор со дворот постигнато е со стаклена лизгачка врата која се отвора по целата ширина на просторијата. На овој начин се продолжува дневната соба на терасата и во текот на летото се создава чувство на голем покриен простор на отворено. 4_resize 6_resize Клучна карактеристика на проектот се долгите бочни sидови обложени со панели од природен дабов фурнир. Ѕдовите се протегаат низ целата висина и должина на трпезаријата и дневната соба. Замислени се како внатрешни трансформобилни фасади, со внимателно дизајнирани отвори за прозорци, седење, полици, ормани, осветлување и простор за идниот лифт до галеријата. Исто така, просторот го менува амбиентот во зависност од секојдневните активности на станарите и динамиката на ѕидовите. 2_resize Внатрешните дабови sидови ја воведуваат природата во просторот, осврнувајќи се на драматичните и густи шуми. Ѕидовите исто така асоцираат на дрвените елементи на традиционалната босанска куќа. 5_resize Вградените плакари се инспирирани од  мусандра, а галеријата со дрвена ограда потсетува на дрвените чардаци. Галеријата, со вградени полици за книги, е тивок простор одделен од остатокот од куќата кој овозможува размислување, читање, јога и игра. Овој простор може да се користи и за спиење, со соседни вградени плакари за складирање. 7_resize

Испрати коментар

Scroll To Top