Насловна / Архитектура / Куќа 10х10 во подножјето на Андите

Куќа 10х10 во подножјето на Андите

Оваа куќа на чилеанските архитекти Nicolás del Rio и Max Núñez се наоѓа во предградието на Сантијаго во подножјето на Андите на надморска висина од 880 метри. Локацијата е со површина од 1500 квадратни метри и орјентирана е на северозапад, а куќата со површина од 700 квадратни метри.

4
Проектот разгледува три поединечни елементи: двор во средината со димензии 10 на 10 метри, висечки мост преку него и великодушен влез со главни скали.

1

6
Кон надвор куќата треба да изгледа сериозно и тешко со контролирани погледи за да се избегнат погледите кон соседите и бучавата од улицата.

9
Во внатрешноста, различни делови од содржините визуелно се поврзани со цел да се скрати физичкото растојание помеѓу собите.

2

10
Собите се организирани на две нивоа околу дворот. Заедничките простории се доле, а приватните соби се на горното ниво.
Избраниот материјал е бетон, внатре и надвор, без никаква разлика во неговата завршница за да се даде кохерентност помеѓу различните простори. Челичните рамки и тенките столбови со минимални димензии се во контраст со масивноста на бетонот.

7

11
Гледајќи од куќата кон североисток се пружа јасен поглед на капелата на Monasterio Benedictino de Las Condes.
Куќата ја добила наградата Најдобра нова приватна куќа на Design Awards 2013. година.

12

13

14

Испрати коментар

Scroll To Top