Насловна / Вести / „Крвав“ снег на Антарктикот, како од хорор филмови

„Крвав“ снег на Антарктикот, како од хорор филмови

Научниците од украинската истражувачка база „Вернадскy“ на Антарктикот, пронашле снежно опкружување обоено со необична црвена боја и го нарекуваат „Снежен цвет“. Поради боење на снегот во црвена боја, тој впива сончева светлина и побрзо се топи, а тоа влијае на климатските промени.

1

Морскиот еколог Андреј Зотов од Националната академије на науки во Украина, направил слики за време на своето истражување и боравок во станицата на Антарктикот.

2

Зелените алги, кои под влијание на Сончевата светлина стануваат црвени

За оваков епски неред виновни се минијатурни суштества, кои под микроскоп се идентификувани како Chlamydomonas nivalis.

Станува збор за микроскопски зелени алги, кои се вообичаени жители на ладните и снежни подрачја.

4_resize

Во текот на зимата тие „спијат“, но кога ќе се појави доволно сончева топлина и светлина, алгите се будат и користејќи вода и светлина брзо растат и се шират.

Како што созреваат, губат од својата подвижност и развиваат единствена адаптивна способност за преживување во своето опкружување, која вклучува слој на црвен каротеноид, кој нивниот изглед го менува од зелена во портокалова, па во црвена боја.

„Овој слој ги штити алгите од ултравиелоетово зрачење“, наведуваат од Националната академија на науки.

Каротеноидот им помага на алгите да апсорбираат повеќе топлина, но тоа создава повеќе истопена вода од нив во која можат да напредуваат. Тоа е добро за алгите и инсектите кои ги јадат, но за жал постојат и други последици.

3_resize

Истражување од 2016. година покажало дека буењето на снежните алги, може да го намали количеството на рефлескија на сончевата светлина и до 13 отсто во текот на една сезона на топење на ледот на Арктикот.

„Ова несомнено ќе доведе до поголем степен на топење“, напишале истражувачите.

Испрати коментар

Scroll To Top