Насловна / Вести / Креативна игра „Дизајн предизвик“ на Јана Ацевска и Мима Пејоска

Креативна игра „Дизајн предизвик“ на Јана Ацевска и Мима Пејоска

DCmof

Дизајнерките за накит, Јана Ацевска и Мимa Пејоска, со цел поттикнување на креативноста во делот на изработката на накит, изготвиле игра за креирање насловена како „Дизајн предизвик“ која што е замисленa со невообичаени ограничувања и правила со цел за пронаоѓање на нови методи, техники и стилови на изработка на накит.

За таа цел, организаторите ги повикуваат сите заинтересирани, без ограничување на искуство и образование, да ги испратат своите апликации најдоцна до 10 ноември преку веб страницата www.designtatamata.com.

Од пристигнатите апликации ќе бидат избрани седум најсоодветни и најкреативни лица, кои ќе добијат по пакет со материјали и алат, за да го создадат своето парче накит, односно нослив објект.

Темата, материјалите и ресурсите остануваат во тајност, се до моментот на избор на седумте најдобри креативци.

Во текот на овој работен период, нивниот процес на размислување, експериментирање и избор на соодветен пристап ќе биде менторирани од страна на дизајнерките на накит, Јана Ацевска /www.kapka.mk/ и Мима Пејоска /www.mima.com.mk/ а воедно  и документиран на веб страницата www.designtatamata.com.

На крајот, сите дела ќе бидат презентирани во „online галеријата“, но и на галериска изложба, кадешто и официјално  ќе заврши играта.

Секој од избраните учесници ќе добие паричен надоместок за својата креација, и можност да го продаде делото на горенаведената галериска изложба.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top