Насловна / Вести / Кората од портокал како средство за чистење на океаните од жива?

Кората од портокал како средство за чистење на океаните од жива?

zagaduvanje so ziva riba predupreduvanje

Индустрискиот отпад и кората од портокал наскоро би можеле да станат неопходен дел од борбата против штетната контаминација на живата. Доктор Џастин Чалкер од универзитетот Флиндeрс (Flinders University) го измисли новиот нетоксичен полимер составен главно од сулфур и лимонен – достапни нуспроизводи на нафтената и цитрусна индустрија. Годишно овие две индустрии заедно произведуваат повеќе од 77 милиони тони сулфур и 77 илјади тони лимонен, кои би можеле евтино повторно да се искористат.

Flinders university

„Контаминацијата на живата е присутна во многу делови од светот, а со тоа влијае врз снабдувањето на храна и вода, создавајќи сериозна потреба за ефикасен и исплатлив начин за решавање на тој проблем“, вели Чалкер.

Naucnici istrazuvaci

Одамна е потврдено дека живата е невротоксин кој може да влијае врз функционирањето на мозокот и централниот нервен систем. Според списанието Natural Resources Defense Council, во животната средина, жива емитуваат електраните, цементарниците, одредени хемиски произведувачи и други индустриски објекти. Во последните години, експертите изразија загриженост поради количините на жива присутни во рибата. Преку процесот познат како биомагнификација, живата може да се акумулира во големи количини во рибите и другите предатори кои се наоѓаат на врвот на синџирот на исхрана.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top