Насловна / Арт и дизајн / Копија на Мона Лиза насликана околу 1600 година наскоро на аукција

Копија на Мона Лиза насликана околу 1600 година наскоро на аукција

Копија на славната Мона Лиза од Леонардо да Винчи, насликана околу 1600 година на дабова плоча и исклучително добро сочувана, ќе биде ставена на аукција на 9. ноември во Париз, соопшти куќата на Аркиријал.

На таа копија присутна е истата суптилност на цртите на лицето, истата енигматична насмевка и контури со техниката сфумато што Да Винчи ја популаризираше.

„Не е невообичаено да се види копија од Мона Лиза, но оваа е во одлична состојба, пред се затоа што е насликана на дабова плоча, додека другите се на платно“, велат од аукциската куќа, додавајќи дека авторот е непознат.

мл_resize

Испрати коментар

Scroll To Top