Насловна / Вести / Kонекција со локалните пејзажни референци во кинескиот град Ризао

Kонекција со локалните пејзажни референци во кинескиот град Ризао

Архитектонското студио Aurelien Chen (Аурелин Чен) и CSCEC Институтот за урбано и рурално планирање и дизајн соработуваа околу проектот за нов туристички центар во близина на кинескиот град Ризао. Местото на дејствување е врамено со пејзажните перспективи кои можат да се забележат од неговата позиција, која ќе прерасне во централна оска при развивањето на проектот.

2

3

Зафатот се наоѓа во близина на две езерца, природна особеност што архитектите ја искористиле за да го диференцираат проектот на два лонгитудинални сегменти, едниот што се спушта кон езерата и другиот што се искачува кон планината. Друг карактеристичен елемент на проектот е влезната партија, која е замислена како транспарентна споменична целина.

Туристичкиот центар (Планина на змејот) Dragon Mountain проектиран од Aurelien Chen и CSCEC е проект чија примарна цел е да создаде архитектура приспособена на потребите и квалитетите на руралната средина. За таа цел, проектантите реализираа програмска содржина поделена на пет габарити во меѓусебна кохезија, концентрирани околу мал плоштад.

Заоблената и витка форма на објектите, како и внимателно имплементираната материјалност генерираат чувство на јаснотија што создава низа пејзажни перспективи кои ја врамуваат планината.

16 19

10

Камената фасада го диктира концептот на маса поврзана со Земјата која во истовреме и овозможува интеграција со нејзината природна средина и локалната архитектура, која заедно со контрастот на тонови и текстури го издвојува комплексот, за единствен од ваков вид.

Со својата геометрија, тие стигнуваат до Рајот, потсетувајќи нè дека, според кинеската традиција, човечкото суштество е тесно поврзано со Небото и Земјата, а според таоизмот, тој е дел од космичката тријада со рајот.

Влезот на комплексот е врамен со погледот насочен кон природниот контекст во рамките на оската на пристапната улица на локацијата. Со цел да се прилагоди комплексот на предвидената локација, главната архитектонска заложба се однесува на фрагментирање на површината од 3.000 m² на пет архитектонски елементи кои се прилагодуваат на топографијата и природниот контекст на локацијата.

Постои интензивиран дијалог помеѓу заоблените згради и тензија помеѓу волумените и празните простори. Во овие празни простори, се создаваат пејзажни перспективи за да ја врамат планината.

5 13

Во Кина, влезовите во модерните туристички места обично ја следат стандардната шема при формирање на влезната партија, односно: јавен плоштад со монументална скулптура во центарот, проследено со традиционална порта и на крај информативен пулт.

Во конкретниот случај, влезната врата на комплексот е интегрален дел од архитектонската композиција. Во него се сместени билетарницата од едната страна и просторот за безбедносниот персонал од другата страна. Неговата маса е и архитектура и скулптура, визуелна знаменитост што привлекува посетители од далечината.

9 15

22

Портата е составена од три реда на конкавни ѕидни површини кои, на начин заеднички за урбаните јавни простори, го создаваат и ограничуваат придружниот јавен простор. Порталот е изоставен. Наместо тоа, постои влијателна празнина, празнина што станува пејзажна рамка на планинските врвови во далечината.

Консеквентните ѕидини потсетуваат на утврдувањата што некогаш ги опкружувале традиционалните градови и палати и создаваат необична низа за пристап. Во нивните интервали, посетителот  наизменично ги открива влезовите за секој објект од целината посебно.

Органското врамување е постигнато со имплементирање на природни бамбусови стапчиња како  суптилен слој помеѓу  бетонот/каменот и транспарентото стакло.

33 34

25 27 26 31 29 28

Испрати коментар

Scroll To Top