Насловна / Вести / Концепт на холандски инженери – зграда во форма на тркало на ветер

Концепт на холандски инженери – зграда во форма на тркало на ветер

Нова концептуална идеа на холандските инженери од Dutch Windwheel, зграда во форма на тркало на ветер со 72 стана. Проектот е развиен за пристанишниот град Ротердам, а меѓу другото ќе биде снабден со системи за собирање на дождовница и отстранување на отпадни води, а исто така ќе произведува биогас од отпадот на своите жители.

холанд
Холандското тркало на ветер се состои од два прстени вградени во подземна основа и опкружени со воден слив, кој на станарите ќе им даде чувство на пловечки брод. Надворешниот прстен ќе содржи 40 ротирачки кабини, обезбедувајќи им на посетителите прекрасни погледи на Ротердам, а внатре ќе се сместат 72 приватни станови, хотел со 160 соби, комерцијални простори и ресторан на врвот.
Но, оригинален „детал” на ветерното тркало, покрај неговиот изглед, е турбина изградена во внатрешниот прстен на зградата.
Електростатскиот конвертор на моќноста на ветерот (EWICON) е технологија развиена од конзорциум на TU Delft и Wageningen University во контекст на иновативната владина програма. Таа обезбедува конверзија на енергијата на ветерот во електрична енергија без движење на механички делови преку систем од челични цевки. Тоа значи минимум бучава и полесно одржување на системот.

холанд1
Концептуалната зграда е опремена со соларни панели и енергетски ефикасна фасада за да се максимизира користењето на природните ресурси. Инженерите, исто така, се грижеле за рационалното користење на водата – врнежите ќе бидат собирани од површината на тркалото, а отпадните води по третманот ќе бидат испратени до околниот базен.
Со имплементацијата на проектот, намерата е да се создаде моќна платформа за демонстрирање на технички иновации, развивање на зелени технологии и модернизација на традиционалните ветерни електрани во Холандија.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top