Насловна / Вести / Ќе се реконструира влезот на тетовското кале

Ќе се реконструира влезот на тетовското кале

тетовско кале

Во 2015 година, планирана е реализација на првата фаза за непосредната заштита на влезната партија на тврдината што се наоѓа над градот Тетово, тетовското кале или уште познато како Балтепе, проект кој е поддржан во програмата за заштита на културното наследство на Министерството за култура. Проектот го реализира надлежната установа Национален конзерваторски центар, a конзервацијата, реставрацијата, санацијата и реконструкцијата на влезната партија целосно ќе биде завршена во текот на следната година, со што градот ќе добие уште една значајна туристичка локација.

На тетовското кале Балтепе, во изминатиот период беа преземени поголеми реставраторски зафати, додека за време на многубројните истражувања коишто беа спроведени се пронајдени многу остатоци од неолитот, античкиот и ранохристијанскиот период, од времето кога владеел раноантичкиот македонски крал Персеј. На овој локалитет пронајдени се и многу монети, фрагменти од керамички садови, како и бројни предмети карактеристични за османлиското време.

Тврдината Балтепе датира од античко време, а низ историјата било значајно духовно собиралиште  на жителите од тетовскиот крај.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top