На конкурсот што беше распишан во месец декември минатата година, пристигнаа вкупно 74 проекти за идниот мост на реката Темза во Лондон. Новиот мост треба да претставува транспортен линк помеѓу Vauxhall и Chelsea.



Голем дел од решенијата предлагаат спирални рампи за да овозможат пристапно искачување и симнување од мостот, потоа црвени патеки за велосипеди, различни рефлектори за осветлување и неправилни форми.



Наредниот месец, стручно жири ќе објави кратка листа на проекти кои го поминале првиот круг на елиминација. Дизајнерите мора да создадат креативно решение и комплексен дизајн кој ќе одговара на барањата на современиот транспорт.



Галеријата на сите предложени проекти може да ја погледнете на следниов линк: http://www.nepbridgecompetition.co.uk/gallery.html
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија