Насловна / Вести / Кинезите прават „џиновска“ ветерна турбина

Кинезите прават „џиновска“ ветерна турбина

Кинеската компанија MingYang smart energy, соопштила дека гради огромна ветерна турбина на море, чија височина ќе биде 264 метри. Пречникот на роторот ќе биде 242 метри, а должината на лопатките 118 метри. Во своето соопштение, компанијата истакнува дека турбината ќе има капацитет од 16MW, и дека ќе може да произведува 80.000MWh електрична енергија годишно, што е доволно за снабдување на над 20.000 домаќинства (само од една турбина). Компанијата ќе го инсталира прототипот на турбината до 2023 година, по што се планира комерцијалното производство. Новата турбина значително ќе ги намали цените за производство на електрична енергија од „офшор“ ветерните електрани. Според податоците од Министерството за енергетика на САД, сега трошоците за производство на енергија од „офшор“ електраните значително ги надминуваат оние од електраните на јаглен (не сметајќи ги карбон таксите).

mingyang1

mingyang2

Испрати коментар

Scroll To Top