Насловна / Вести / Како тоа се прави во Кина – преместиле зграда висока пет ката и стара 85 години (видео)

Како тоа се прави во Кина – преместиле зграда висока пет ката и стара 85 години (видео)

Жителите на Шангај кои во октомври минувале низ источната градска четврт Хуангпу можеле да налетаат на несекојдневна сцена: „зграда која оди“.

Училиште старо 85 години во целост е подигнато од земја и преселено на друга локација со најнова технологија наречена „машина за одење“.

Во напорите на градот да се сочуваат историските градби, инженерите под објектот со пет ката, прицврстиле речиси 200 мобилни носачи, според зборовите на Лан Вуји, главниот технички надзор на проектот.

k2

Носачите се однесуваат како роботски нозе. Поделени се во две групи, кои наизменично се подигаат горе-доле, имитирајќи човечки чекори. Сензорите помагаат во контрола на напердувањето на објектот, изјави Лан, чива компанија Shanghai Evolution Shift развила нова технологија во 2018. година. „Тоа е како да и давате на зградата патерици за да може да стане и потоа да оди“, вели тој.

Според изјавите на владата на областа Хуангпу, основното училиште изградено 1935. година се преместува за да се направи простор за нов деловно-административен комплекс, кој ќе биде завршен до 2023. година.

Рботниците прво морале да копаат околу зградата за да вградат 198 подвижни носачи во просторот под,  објаснува Лан. Откако столбовите на зградата биле пресечени, роботските „нозе“ потоа биле продолжени нагоре, подигнувајќи ја зградата пред да се придвижи напред.

k1

Во тек на 18 дена, зградата е ротирана за 21 степен и преместена за 62 метра на нова локација. Преместувањето завршило на 15 октомври, а зградата на старото училиште треба стане центар за заштита на наследството и културното образование.

Во последниве десетина години со брзата модернизација на Кина, бројни историски згради срамнети се со земја за да се направи место за блескави облакодери и деловни објекти. Но, расте загриженоста за градителството наследство. Некои градови започнаа нови кампањи за зачувување на наследството и конзервација, вклучувајќи и употреба на напредни технологии кои овозможуваат старите згради да се преместуваат наместо да се уриваат.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top