Насловна / Архитектура / Како ќе изгледа главниот град на Марс

Како ќе изгледа главниот град на Марс

Архитектонското биро Abiboo, кое има канцеларии во Шпанија, САД и Индија, ги претстави плановите за првата населба на Марс, каде што еден од петте градови што се планира да се градат на Црвената планета ќе биде главниот град Nuwa City, каде што ќе можат да живеат 250.000 луѓе. Името на градот влече корени од митологијата, од кинеската божица заштитничка на луѓето.

12

Градот Nuwa е планиран на падината на една од карпите на Марс, Tempe Mensa, која има пристап до вода. Стрмниот терен нуди можност да се создаде вертикален град вметнат во карпата, заштитен од зрачење и метеорити, а има пристап до индиректна сончева светлина.

1

Одржливоста, особено самоодржливиот развој е во основата на дизајнот на Nuwa. За да биде самоодржлива, населбата на Марс треба да може да ги добие сите ресурси на локално ниво, а предвидено е жителите да се занимаваат и со сточарство. По кратката почетна фаза, потпирајќи се на капитални инвестиции и набавки од Земјата, системот треба да може да го одржи својот раст само со локални ресурси, без транспорт на намирници од Земјата.

8

7

Главните активности се одигруваат внатре во карпата, во таканаречени „Макро-згради“, кои се добиваат со ископи во карпата.  Овие конструкции, изведени по пробивање тунели, се  модуларни и вклучуваат стамбени и работни активности, поврзани со тродимензионална мрежа тунели. Давајќи ја оваа стандардизација, проектот обезбедува стабилност и ја намалува сложеноста, трошоците и распоредот на изградба.

5

6

Градот би ги имал сите основни карактеристики како градовите на Земјата, вклучувајќи канцеларии, станови, па дури и зелени површини. Дизајнот на просторот се заснова на научно истражување на „Сонет мрежа“ и на Друштвото „Марс“.

2

Бирото Abiboo го претстави и изгледот на ентериерот, а карпите ќе му овозможат на секој иден жител да живее во одвоени простории, но и да има пристап до другите делови на градот наменети за земјоделско производство и производство на енергија.

9

Алфредо Муњоз, основачот на Abiboo, за Јуроњус изјави дека е неопходно да се направат бројни анализи за да се разбере какви се предизвици се очекуваат на Марс.

„Мора да се соочиме со предизвиците кои ги поставува Марс, а еден од нив е гравитацијата, која е за две третини помала отколку на Земјата. Меѓутоа, за среќа, на Марс има јаглерод диоксид и вода. Водата е голема предност и ќе ни овозможи да го имаме потребниот материјал за изградба. Со помош на вода и јаглерод диоксид, ќе создадеме јаглерод, а со негова помош и челик. Во суштина, Abiboo планира во изградбата да користи само материјали од Марс“, наведува Муњоз.

3

Луѓето кои би сакале да се населат во овој град на Марс, сепак ќе мора тоа да го препуштат на идните генерации, бидејќи изградбата се очекува да започне дури во 2054 година. Вселувањата најверојатно ќе се случат во 2100 година, што е во согласност со она што го објави Илон Маск, дека тоа нема да се случи во текот на неговиот живот.

4

Што се однесува до рекреацијата, луѓето ќе можат да ги практикуваат истите активности како и на Земјата. Од спорт до кампување. Доаѓањето од Земјата на Марс ќе биде незгодно, но не и невозможно.

10

Чартер-ракетите за превоз ќе тргаат на секои 26 месеци, а секое патување ќе трае од еден до три месеци. Цената на билетот во еден правец за оние кои би сакале да се преселат на Марс ќе изнесува околу 300.000 долари, но не мора да значи дека тоа нема да се промени до 2100 година.

11

Испрати коментар

Scroll To Top