Насловна / Арт и дизајн / Како изгледа домот кога ѕидовите ќе станат сликарско платно

Како изгледа домот кога ѕидовите ќе станат сликарско платно

Иако одлуката трајно да се осликаат ѕидовите во домот е храбра и бара посветеност, неколку современи уметници ширум светот се одлучиле за ова. Ќе помислите дека се работи за некои едноставни дела, но напротив, решиле да одат „до крај“ и истовремено да ги третираат ѕидовите како платно и како составен дел од ентериерот.

Nathalie Lété

5_resize

Француската уметница Nathalie Lété, на пример, го поминала тешкиот перод на карантин поради пандемијата во сликање. Платното што таа го избрала за тоа е нејзината куќа на село. Вратите, ѕидовите, скалите и мебелот – Натали сето тоа го трансформирала во ботаничка земја на чудата.

2_resize

„Ја купив Maison Atelier Suzanne пред три години“, вели таа. „Куќата се наоѓа на еден час возење од Париз, во мало село до реката Лоан и шумата Фонтенбло“.

8_resize

Работела секој викенд, полека додавајќи нови детали кои го направиле ентериерот посебен. Иако нејзината идеја била да ги наслика сите соби, нејзиниот сопруг, кој исто така е уметник, на почетокот не сакал да живее во една од нејзините слики, но кога започнал карантинот во март, се предомислил. Натали го искористила слободното време за да и даде нов лик на целата куќа. Нејзиниот стил се карактеризира со бои, а особено е инспирирана од работата на канадската наивна уметница Maud Lewis, која ги наслика ѕидовите на нејзиниот дом како и селото Залипие во Полска и куќите во Чарлстон во Англија. Натали се одлучила за сцени од природата кои ја опкружуваат викендицата, но со малку имагинација. Сопздала своја „градина од имагинацијата“ и сега куќата зрачи со оптимизам.

1_resize

9_resize

3_resize

4_resize

6_resize

7_resize

10_resize

Claire Basler

ц6_resize

Во 2011 година, уметницата Claire Basler и нејзиниот сопруг Pierre го купиле замокот Chateau de Beauvoir, кој е од период помеѓу 18. и 19. век и кој бил во лоша состојба. Станува збор за огромна камена градба, која е речиси невозможно да се загрее, но токму тоа ја инспирирало Claire да ја претвори во неверојатно посебно место. Таа е позната по нејзините нежни слики на цвеќиња на позадина со облаци. Некои од ѕидовите во замокот ги насликала токму во тој стил, додавајќи дополнителен слој на бајковитост, а покрај тоа во вазните додала големи гранки и растенија, па на моменти не може да се сфати што е вистинско, а што не. Комбинацијата од стар замок, модерен мебел со рамни линии и драматични слики на ѕидовите може да се опише само како – магично.

ц2_resize

ц1_resize

ц7_resize

ц5_resize

ц4_resize

ц3_resize

Trine Natskår

t2_resize

Четвртта Frederiksberg во Копенхаген има широки авении, мали улици, кафулиња, паркови, секакви видови продавници и класични градски куќи од доцните 1800-ти. Тука живеат Trine Natskår и нејзиниот сопруг, архитектот Jan Yoshiyuki Tanaka. Trine е графички дизајнер и уметнички директор во модниот магазин Eurowoman и косопственик на продавницата за мода и ентериер Nola in Stavanger.

t4_resize

Брачниот пар живее во простран стан опремен во типичен скандинавски стил, со различни необични детали. И за дополнително да ги зачини работите, таа одлучила на неколку ѕидови да наслика мотиви кои обично се појавуваат во нејзините слики. Резултатот се мали мурали кои совршено се вклопуваат во останатиот дел од ентериерот и на целиот простор му даваат личен допир на ненаметлив начин.

t6_resize

t5_resize

t1_resize

t3_resize

Испрати коментар

Scroll To Top