Насловна / Архитектура / Каде се најскапите недвижности во светот?

Каде се најскапите недвижности во светот?

Сакате да купите имот во Монако? Знајте дека тоа ќе ве чини – цената на метар квадратен е повеќе од двојно повисока отколку во Њујорк!

5_resize

Живопивописната француска енклава повторно е прогласена за најскап дел на светот кога станува збор за купување недвижнини. Станува збор за честа која овој локалитет ја добива секоја година од 2017 година. Оваа година Монако ја однесе победата доста убедливо – просечната цена на метар квадратен е 47.600 евра, додека Хонг Конг е на второто место со цена од 39.600 евра. Њујорк ја зазеде третата позиција со просечна цена од 22.200 евра.

6_resize

Презентираните бројки ја рефлектираат продажбата од минатата година, па затоа треба да знаете дека тие се малку пониски од претходните поради пандемијата на вирусот корона. Трансакциите паднаа за 11 проценти во текот на годината, а имоти со цена под 5,8 милиони американски долари беа најактивни.

9_resize

Што придонесува за високите цени во Монако? Па, за почеток, медитеранското кнежевство е многу барано поради даночните бенефиции – тука недвижностите и приходите не се оданочуваат. Локацијата, исто така, зборува за себе – Монако зазема прекрасно крајбрежје, со изобилство на луксузни одморалишта, додека секоја година се идржуваат и престижните Monaco Grand Prix и Monaco Yacht Show.

8_resize

И просторот е од клучно значење – Монако е помал од Централниот Парк во Њујорк, што објаснува зошто е толку тешко овде да се дојде до парче земја. Околу една третина од населението во Монако се милионери, додека стапката на сиромаштија е рамна на нула.

1_resize

Минатата година за Монако имаше нешто помал интерес од глобалните купувачи, пред се поради пандемијата „Ковид-19“, па воглавном локалците купуваа нови имоти. Ако претходните години се показател за нешто, тешко дека Монако ќе ја изгуби својата позиција поради овој благ пад.

4_resize 2_resize 3_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top