Насловна / Арт и дизајн / Када креирана во форма на лежалка (видео)

Када креирана во форма на лежалка (видео)

Што е подобро од опуштање во удобна лежалка? Веројатно уживање во една која е полна со топла вода, меурчиња и миризлива пена. Тоа е размислувањето кое стои позади дизајнот на оваа нова када.

6_resize

Инспирирана од удобноста која ја пружаат кадите и лежалките, Hammock Bath е дело на британскиот бренд  Splinter Works. Станува збор за када креирана во форма на лежалка, а дизајнирана е да биде фиксирана на два спротивни ѕида во купатило, всушност не го допира подот. Нејзината должина може да биде прилагодена во зависност од димензиите на просторијата во која ќе се смести.

1_resize

3_resize

Формата на кадата имитира традиционални лежалки, направена е од слоеви карбон. Нејзиниот пад е проектиран на начин да пружи максимален конфор, избегнувајќи го рамното дно и грубите преоди на грбот. Пенастото јадро е изолатор на водата и ја одржува оптималната температура.

7_resize

5_resize

2_resize

Бидејќи кадата не лежи на под, Hammock Bath има транспарентен одвод. Стоечка славина ја полни кадата, а водата се испушта преку одводна цевка која се наоѓа веднаш под нејзе.

4_resize

Цената на кадата зависи од димензиите и завршните детали, а достапни се изданија во боја на бронза, сребро и бои на виножито. За оваа када отприлика треба да се спремат околу 34.000 долари.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top