Насловна / Вести / Јужниот гасен коридор наскоро во погон: Најголем губитник Украина?

Јужниот гасен коридор наскоро во погон: Најголем губитник Украина?

Последниот крак од Јужниот гасен коридор, кој преку Албанија носи гас до Италија, практично е веќе подготвен. Станува збор за гас од Азербејџан, но и ТПГ од САД. Останува уште огранокот кон земјите од Западен Балкан.

Јужниот гасен коридор  (Southern Gas Corridor- SGC) е најголемиот проект на гасовод на светот од 2017 година. Трансјадранскиот гасовод (Trans Adriatic Pipeline – TAP), последниот крак од тој гигантски гасен коридор, гасот од наоѓалиштата во Касписко езеро пред брегот на Азербејџан, преку Грузија, Турција, Грција и Албанија, а потоа преку Јадранското море, ќе го испорачува до југот на Италија. Јужниот гасен коридор е проект кој здушно го поддржуваше и Tрамп, бидејќи преку него до потрошувачите во јужна Европа ќе стигнува и американски ТПГ преку терминалот во Грција. Ниту со новиот претседател, САД нема ништо да менува по однос на ова прашање. „Со Бајден на чело, САД ќе се вратат во меѓународната акција за зачувување на климата, но иако во случајот станува збор за инфраструктура за фосилно гориво, ништо нема да се смени во односот кон Јужниот гасен коридор“, велат од бриселскиот институт Bruegel. Тој коридор е економски и политички проект: економски, првенствено бидејќи италијанските потрошувачи можат да очекуваат дека поголемиот избор на извори на гас ќе ја намали неговата цена. А политички, важно е намaлувањето на зависноста на Европа од Русија, иако на поле работите допрва се усложнуваат. Имено, доколку вооружениот судир помеѓу Азербејџан и Ерменија во регионот на Нагорно Карабах ескалира до точка во која би можел да го загрози гасоводот, Азербејџан ќе го доведе во опасност својот статус на сигурен извозник на гас“, оценуваат од Институтот за енергетска безбедност при НАТО. Сепак, се наведува дека ваквиот ризик е минимален.

Според многумина, најголемиот губитник од изградбата ан Јужниот гасен коридор е всушност Украина. Имано, преку Северниот тек, стигнува гас од Русија во Германија, а сега и овој гасовод ја заобиколува Украина.

SGC1

 

Испрати коментар

Scroll To Top