Насловна / Вести / „Југохром“ ги изгаси печките

„Југохром“ ги изгаси печките

Згаснаа печките на „Југохром“. Раководството на комбинатот постапи по одлуката на Државниот инспекторат за животна средина, кој донесе решение за исклучување на сите печки, поради непочитување на крајниот рок за поставување филтри на оџаците.

Конечното решение за запирањето на работата на „Југохром“ треба да го донесе Владата. Од раководството на „Југохром“ додаваат дека нивни екипи ќе продолжат со изградбата на филтер-станицата, чиишто темели се веќе поставени.jugohrom

За да може „Југохром“ да работи, комбинатот мора да постави филтри кои треба да го намалат загадувањето на воздухот. Засега не е познато колку време овие работници ќе бидат без работа и колку време ќе треба за поставување на филтрите.

Според Законот за Заштита на животната средина, „Југохром“ мора да поседува „А“ еколошка дозвола за работање, што значи поставување филтри за прочистување на воздухот од отпадните материи.

Со затворањето на комбинатот ќе останат без работа околу илјада работници.

Испрати коментар

Scroll To Top