Насловна / Вести / Германија воведува возови кои нема да загадуваат

Германија воведува возови кои нема да загадуваат

coradia-lint-voz-so-nula-zagaduvanje

Германската железница се подготвува во редовен сообраќај да воведе локомотива која ќе се движи на хидрогенска енергија и нема да емитува никакви штетни гасови во воздухот.

Локомотивата „Корадија и Линт“ во воздухот ќе испушта само водена пареа, а треба да замени околу 4000 локомотиви на дизел коишто сега ја загадуваат животнатa средина во Германија, јавува дописникот на МИА од Берлин.

coradia-ilint

Според весникот „Ди Велт“, покраината Долна Саксонија веќе нарачала 14 вакви локомотиви од француската компанија „Алстом“ што ќе бидат тестирани до средината на декември кога треба официјално да почнат со комерцијална употреба.

Локомотивите за кои постои интерес и во Данска, Норвешка и Холандија се движат со помош на огромни литиум-јонски батерии кои се напојуваат од хидрогенски резервоар сместен на покривот на возот. Хидрогенските локомотиви можат да сообраќаат со едно полнење над 750 километри дневно со брзина од 140 километри на час.

Единствената нус-појава на хидрогенската енергија е водена пареа.

Испрати коментар

Scroll To Top