Насловна / Архитектура / Јавен повик за доделување на наградата „Андреја Дамјанов“

Јавен повик за доделување на наградата „Андреја Дамјанов“

Асоцијација на архитекти на Македонија (AAM) објавува Јавен повик за предлагање на можни добитници на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2019 година. „Андреја Дамјанов“, се доделува на државјанин на Република Северна Македонија, како признание за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството. Право на поднесување на предлог за можни добитници на наградата „Андреја Дамјанов“ имаат членовите на ААМ.

Предлогот треба да содржи куса биографија на кандидатот, детална професионална биографија со листа на референци со сите дела од областа на архитектурата и градителството со кои што кандидатот придонел за вкупниот развој на струката.

AAM

Во листата на референци се наведуваат особените остварувања: изведени објекти, архитектонски проекти, урбанистички планови, изложби, студии, научни трудови, публикации, книги, награди и признанија.

Рокот за поднесување на предлозите трае до 15.11.2019 година. Пристигнатите предлози, според членот 7 од Правилникот за доделување на наградата „Андреја Дамјанов“, ќе бидат разгледани од петчлена комисија избрана од Управниот Одбор на ААМ. Еден член на комисијата е од редот на добитниците на наградата „Андреја Дамјанов“. Добитникот на наградата „Андреја Дамјанов“ станува член на Архитектонската Академија на ААМ. Предлозите можат да се достават во канцеларијата на ААМ на улица Даме Груев 14а – Скопје.

Сите заинтересирани информации можат да добијат на тел.: 02/3237 277; 076 350 336; e-mail: kontakt.aam@gmail.com

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top