Насловна / Вести / Озонската дупка би можела да биде најмала во последните три децении

Озонската дупка би можела да биде најмала во последните три децении

Озонската дупка над Антарктик оваа година би можела да биде најмала во последните три децении, велат научниците.

Дупката почнува да се формира во август, врвот го достигнува во октомври и повторно се затвора во декември, но Сервисот за набљудување на атмосферата „Коперник“ на Европската Унија (ЦАМС) забележал дека таа оваа година не се отворила на вообичаен начин, што би можело да се должи и на наглото покачување на температурите во стратосферата. Оттаму велат дека површината на дупката е двојно помала од вообичаената за средина на септември, била изместена од центарот и е далеку од полот.

ozon

Експертите на ЦАМС предвидуваат стабилни нивоа на дупката или благо зголемување во наредните денови. „На својот врв таа имаше површина од 25 милиони квадратни километри, а оваа година се очекува да биде помала од 10 милиони, што, сепак, и натаму е многу големо“, изјави шефот на ЦАМС, Венсан-Анри Пеш.

Озонската дупка првпат била забележана од британски научници во 1985 и две години подоцна државите го потпишаа Монтреалскиот протокол, во обид штетата да се санира преку забраната на производство и користење на најопасните хемикалии.

Ако се продолжи со доследното спроведување на Монтреалскиот протокол, се очекува проблемот со озонската дупка целосно да биде решен до 2060 година.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top