Насловна / Вести / Јапонските хидрогелови ја најавуваат ерата на меки материјали

Јапонските хидрогелови ја најавуваат ерата на меки материјали

Хидрогеловите во претходните неколку години станаа многу повеќе  од водени меки материјали. Досега се користиле во многу области – од козметика, преку испорака на лекови, до контрола на поплави.Но, истражувачите од  јапонскиот  Универзитет Хокаидо  ја изменија  „репутацијата“ на хидрогеловите: од меки и желатинасти структура ги претвориле во цврсти материјали појаки и од челик, но и во флексибилни, паметни материјали кои знаат да изреагираат  на надворешни  стимуланси. Јапонските научници предводени од професорката Џиан Пинг Гонг создале хидрогелови со двојна мрежа кои се состојат од скоро 90 проценти вода и два типа на полимерни мрежи: едната е крута и крта, а другата  мека и растеглива. Така е направен иновативeн, јак материјал, со голема механичка цврстина. Главната примена на овие материјали истражувачите  ја гледаат во регенеративната медицина.

Таканаречените меки материјали привлекоа глобално внимание поради потенцијалните полиња на примена. Веќе се користат кај контактните леќи, и кај други медицински помагала кои бараат директен контакт со телото. Сепак нивната примена во регенеративната медицина ќе биде навистина револуционерна. Потенцијална нивна примена се планира и во автомобилската индустрија, авио индустријата, електрониката и роботиката.

hydrogel2

hydrogel1

Испрати коментар

Scroll To Top