Насловна / Вести / Изминува најжешката деценија

Изминува најжешката деценија

Изминатата деценија скоро сигурно беше најтопла, предупредуваат метеоролозите, укажувајќи на „мрачна слика“ за исчезнатиот морски мраз и разорните бранови на топлина, се наведува во извештајот објавен на самитот за климата во Шпанија.

Во годишната проценка за климата на Земјата која е направена од страна на Светската метеоролошка организација се истакнува дека целта на двонеделните разговори е да се поддржи Парискиот договор од 2015 година за да се спречи катастрофално глобално затоплување, пренесе Ројтерс.

zesko

Топлинските бранови и поплавите што порано се случуваа еднаш во векот сега станаа редовни настани, се вели во соопштението на генералниот секретар на Светската метеоролошка организација Петери Талас.

Земјите од Бахамите преку Јапонија до Мозамбик претрпеа ефекти од разорните тропски циклони, додека шумските пожари ги погодија Арктикот и Австралија, додаде Талас.

Во извештајот се наведува дека просечните температури во изминатите пет и 10 години се речиси сигурно највисоките забележани.

Тековната година 2019 е втора или трета најтопла година, додека морската вода е 26 проценти повеќе кисела отколку на почетокот на индустриската ера, поради што морските екосистеми се деградираат.

zesko1

Во извештајот се наведува и дека мразот на Арктикот се приближувал до рекордни спуштања во септември и октомври, а Антарктикот исто така забележал рекордни падови  на морскиот лед оваа година и тоа неколку пати.

Климатските промени се клучен двигател за пораст на гладот во светот од кој во 2018 година биле загрозени повеќ од 820 милиони луѓе, се вели во извештајот на метеорологот.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top