Насловна / Архитектура / Изложба The Japanese House: Architecture and Life after 1945. во Barbican Art Gallery во Лондон

Изложба The Japanese House: Architecture and Life after 1945. во Barbican Art Gallery во Лондон

По завршувањето на Втората светска војна настапил период кога настанале некои од највлијателните и највредните примери на модерната и современа архитектура. Изложбата „Архитектура и живот во Јапонија по 1945“ отворена во престижната Barbican Art Gallery во Лондон, претстави 200 дела на преку 40 јапонски архитекти, познати мајстори на 20 век и меѓународно признати современи архитекти, како што се Tadao Ando, Toyo Ito, Kazuyo Sejima (SANAA), Kiyonori Kikutake, Kenzo Tange…

japanska arhitektura_06

Јапонска куќа-канцеларија, проект на архитект Ryue Nishizavа (SANAA)

На изложбата се претставени возбудливи работи и на малку познати архитекти вон Јапонија, вклучувајќи ги Osamа Ishiyama, Kazunari Sakamoto и Kazuo Shinohara, како и дела на млади архитекти во подем, како што се Hideyuki Nakayama и Chie Konno. Jапонската куќа го претставува најголемиот број на пионерските архитектонски проекти во последните 70 години, од кои многу од нив никогаш не биле изложувани. Изложбата, исто така, содржи филмови и фотографии кои повторно фрлаат ново светло на улогата на куќата во јапонската култура.

japanska arhitektura_04

Јапонска куќа, проект на архитект Sau Fujimoto

ПРОБЛЕМ НА ДОМУВАЊЕ

Во пресрет на војната, големите разурнувања во Токио и други градови во Јапонија, донеле итна потреба за нови облици на домување и сместување, а семејната куќа наскоро станала најистакнатиот предмет на архитектонски експериментирања и дебати. Во обидот да се воспостави нов архитектонски јазик, кој се однесува на овој поствоен период во јапонската историја, архитектите како Kenzo Tange и Seiichi Shirai ги истражувале начините за можната синтеза меѓу традицијата и модернизмот.japanska arhitektura_20 japanska arhitektura_22 japanska arhitektura_21

Во годините по војната, јапонските архитекти константно го користиле дизајнот за радикална критика на општеството, пронаоѓајќи неверојатни но вистински иновативни решенија за промена на јапонскиот животен стил. Во текот на седумдесеттите години на минатиот век, архитектите биле концентрирани на анализа и обликување на куќи кои стоеле како одбранбен бедем против загаденоста и пренаселените градови; а во текот на осумдесеттите години на минатиот век, економскиот бум ги натерал да ги прифатат и применат почетоците на информатичката технологија, и да осмислат решенија за дизајн на куќи кои би биле лесни и отворени за и кон надворешниот свет.

Од една страна, новата јапонска станбена архитектура, особено во Токио, предлагала извонредни решенија за зголемување на квалитетот на животот во оваа огромна светска метропола; од друга страна, паралелно со оваа тенденција постоел и континуиран обид за разбирање на (јапонската) куќа како привилегиран простор за лична имагинација и креативно изразување.japanska arhitektura_19

КУЌА ВО РАЗМЕР 1:1

Во срцето на изложбата е секако амбициозниот проект без преседан, куќата изградена во полна големина – Moriyama House (2005), објект изведен според проектот на добитникот на Прицкеровата награда за архитектура, архитектот Ryue Nishizavа (SANAA). Оваа куќа се смета за една од најважните куќи од 21 век. Посетителите можат да се движат низ комплетно опремената единица со градина и така да ја доживеат оваа извонредна куќа во непосредна физичка смисла – замислувајќи како би било да се живее во неа.japanska arhitektura_17

Објектот претставува радикално разложување на конвенционалната куќа, и се состои од десет поединечни просторни единици (некои единици се големи како купатила), раздвоени со надворешна градина. Специјално дизајнирана во соработка со архитектот Nishizavа за оваа изложба, реконструкцијата на куќата се испреплетува и со самата филозофија на галеријата Barbican која го слави брутализмот. Стотици предмети, вклучувајќи книги, музика и филмови, го опишуваат творечкиот свет на сопственикот на куќата Jasuo Moriyama и вдахнуваат живот во оваа прекрасна конструкција. Повеќе од само архитектонски модел, оваа интерпретација на оригиналната куќа во сооднос 1:1 формира портрет на Moriyama – повлечениот колекционер на уметнички предмети и дела, кој никогаш не ја напуштил Јапонија.

japanska arhitektura_11

Јапонска чајџилница, проект на архитект Terunobu Fujimori

На изложбата премиерно е претставен филмот Moriyama-san, на брачниот и филмски пар Ila Bêka и Louise Lemoine, кои ја документирале личната и спонтаната средба со господинот Moriyama, овозможувајќи им на гледачите привилегиран пристап во секојдневието на овој урбан пустиник на 21 век.

ЈАПОНСКА ЧАЈЏИЛНИЦА

Пониското ниво на галеријата, односно зад куќата на Moriyama, е исполнето со подеднакво амбициозен проект на Terunobu Fujimori, архитект и високо почитуван историчар на јапонската архитектура. Fujimori е познат по своите ексцентрични, прецизни и со љубов изработени конструкции. Специјално за галеријата и изложбата, тој ја проектирал досега најголемата чајџилница со исклучителна градина. Екстериерот на чајџилницата е обложен со рачно изгорено дрво, а ентериерот е обработен со бел гипс, и на тој начин прави контрапункт на современиот минимализам на куќата на Moriyama, откривајќи го значењето на рачно изработените материјали во фантастичниот јапонски дизајн.

Двесте дела колку што содржи изложбата, вклучувајќи и ретко видени архитектонски модели и цртежи, фотографии и филмови, на исклучителен начин ги рефлектираат случувањата во станбената архитектура во светло на најзначајните промени во јапонската економија, на промените во урбаниот пејзаж и во семејната структура. Тематски поделената изложба во секции како што се: „Куќа – уметничко дело“, „Земја и Бетон“, „Домување и Експеримент“, „Семејството и Иднината“… , обезбедуваат исклучително визуелно патување во однос на специфичната јапонска архитектонска култура. japanska arhitektura_13 japanska arhitektura_12

АРХИТЕКТОНСКИ РАБОТИЛНИЦИ

Треба да се нагласат и други дела, како што се просторната инсталација на архитектката Kazuyo Sejima базирана според проектот на нејзината куќа во Plum Frove (2013); потоа познатата вила на Kazuо Shinoharа во Takanawa (1974); градбата Arimston во Токио (2005) – извонреден објект на Keisuke Ока кој рачно е направен во последните 15 години; Ateiler Bow – Wow се претстави со шармантната куќа Pony (2008); а тука е и радикалната градба и триумфот на архитектонскиот постмодернизам Anti – Dwelling Box (1972) на архитектот Kiko Mozuna во Hokkaido, посветено на неговата мајка; и Sky House (1958) на Kiyonori Kikutake (еден од основачите на архитектонското движење Metabolism) – еднособна бетонска конструкција која виси во воздух.japanska arhitektura_25 japanska arhitektura_23 japanska arhitektura_24 japanska arhitektura_28 japanska arhitektura_26 japanska arhitektura_16

Во рамките на изложбата се осмислени низа архитектонски и уметнички работилници во кои публиката може да учествува: „Уметност на архитектурата од бетон“, „Kage – техника на светлост и сенки“, „Куќа која живее“, „Како да се дизајнира чајџилница“… Амбиентот на галеријата се менува од час во час со помош на осветлувања кои имитираат изгрејсонце и зајдисонце, така што секој посетител може да ја доживее магијата на овие објекти во текот на еден ден.

 

Испрати коментар

Scroll To Top