Насловна / Вести / Изложба „Студентска графика – Драгутин Аврамовски – Гуте“

Изложба „Студентска графика – Драгутин Аврамовски – Гуте“

graficka izlozba

Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, студиската програма по графика и Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“, по 28-ми пат ја организираат изложбата „Студентска графика – Драгутин Аврамовски – Гуте“.

Овогодишната изложба ќе се отвори во вторник (17 март) во 19.30 часот, во новоотворената галерија која се наоѓа во зградата на Факултетот за ликовни уметности и Педагошкиот факултет. Изложбата ќе биде отворена до 30 март.

Ќе бидат изложени графики на 41 студент од Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Исто така ќе бидат изложени 11 плакати дизајнирани за овогодишната изложба од страна на студентите од четврта година кои ја посетуваат наставата на модулот Графички дизајн.

Испрати коментар

Scroll To Top