Насловна / Арт и дизајн / Изложба „Сценографии 35 – цртежи, фотографии, сценографии“ на Крсте Џидров – Џиби

Изложба „Сценографии 35 – цртежи, фотографии, сценографии“ на Крсте Џидров – Џиби

На 21 септември, петок во 19 часот во МКЦ (Младински културен центар) во Скопје ќе се отвори изложбата „Сценографии 35 – цртежи, фотографии, сценографии“ на архитект Крсте Џидров Џиби.
Крсте С. Џидров – Џиби е архитект и еден од најистакнатите македонски сценографи од поновата генерација, кој од 1970 година е присутен во македонскиот театар како актер во неформалната култна театарска група „Театар кај Св. Никита Голтарот“, а подоцна и во Театарската работилница при Филозофскиот факултет во Скопје. Тука заедно со С. Узуновски, С. Живковски и Д. Петковиќ започнува со сценографија, изработка на кукли, маски, реквизити и друго. Тоа е времето на „Зелената гуска“. Во 1982 година режисерот Владимир Милчин заедно со Симе Узуновски ги ангажира како сценографи во Театарот на народностите – Албанска драма, во претставата „Бовча“. Од тогаш до денес, Џидров е присутен како сценограф во македонскиот театар и пошироко, со повеќе од над 150 сценографии за театарски претстави и блиска соработка со над четириесет режисери. Неговите сценографии се поставени на 33 театарски сцени. На разните фестивали во Македонија и странство за своите сценографски решенија Џидров – Џиби се здобива со повеќе награди и признанија.

Оваа изложбата е резиме – ретроспектива на 35- годишната сценографска кариера на авторот. Ќе бидат изложени околу деведесет паноа со скици, цртежи и фотографии од претставите. Изложбата воедно претставува јубилејни 35 години од првата изложба на сценографии одржана 1985 година, заедно со Симе Узуновски во истата галерија во МКЦ во рамките на МОТ. Во рамките на изложбата ќе бидат изложени и петнаесетина оригинални скици-цртежи изработени во комбинирана техника (туш, пастел, акварел).

dzibi

Испрати коментар

Scroll To Top