Насловна / Арт и дизајн / Изложба посветена на The Hunger Games

Изложба посветена на The Hunger Games

izlozba hunger games (7)

Во Discovery Times Square во Њујорк, со стотици носии, предмети, фотографии и интерактивни екрани, отворена е изложбата посветена на глобално популарната филмска сага The Hunger Games.

izlozba hunger games (10)

„Имаше многу емоции. Јас не го очекував ова“, вели 24-годишната Џенифер Лоренс, главната хероина на филмот. „Има тука полно работи кои јас за себе би ги задржала“, додава Катнис Евердин, како што е името на Лоренс во филмот.

Филмовите се направени врз основа на книгата на Сузан Колинс.izlozba hunger games (9)

Приказната претставува спој на гладијаторските борби и реалните шоуа од типот на „Преживеан“, каде што суровоста и бескомпромисната борба за гол опстанок се единствениот пат до успехот. Дејството е сместено во пост-апокалиптична иднина во Капитол, главниот град на државата Панем. Како казна за некои минати бунтови, а и заради забава на гледачите, дванаесетте области околу главниот град мораат секоја година да испратат по едно момче и една девојка на возраст од 12 до 18 години, за да учествува во „Игрите на гладните“. Тоа е натпревар кој се одржува еднаш годишно, во кој учесниците се борат до смрт секој против секого, а тоа во живо се пренесува на телевизија, за да се забавуваат граѓаните на Капитол.izlozba hunger games (8)

Досега, три филма од сагата заработиле над две милијарди долари во светот, а последниот филм се очекува да пристигне во кината на 20 ноември.izlozba hunger games (6) izlozba hunger games (5) izlozba hunger games izlozba hunger games izlozba hunger games (2) izlozba hunger games (3) izlozba hunger games (4)

Поставката има седум галерии кои го следат патувањето на главната хероина лик од нејзините почетоци во Дистриктот 12, па се до моментот кога таа станала симбол на надеж и слобода во борбата против угнетувачка власт.

Испрати коментар

Scroll To Top