Насловна / Арт и дизајн / Изложба на Нове Франговски во Галерија АРТ во Подгорица

Изложба на Нове Франговски во Галерија АРТ во Подгорица

Со цел за проширување и продолжување на Меѓународната културна соработка, како и поради презентирање на современото македонско сликарство, во организација на Музејот на град Скопје и Ј.У. Музеј и Галерија Подгорица, Црна Гора, ќе биде презентирана изложба на Нове Франговски.
Изложбата се реализира со подршка од Град Скопје и Град Подгорица.
Изложбата од циклусот „Собитија“ ќе биде отворена на 25 Октомври 2018 година во Галерија АРТ во Подгорица.
Ќе бидат презентирани 83 дела од циклусот „Собитија“, работени во последните 10 години.

1 (2)
Со оваа изложба се опфаќа еден специфичен дискурс од развојот на творештвото на овој значаен македонски современ уметник, а тоа е неговиот најнов циклус дела, по кои Франговски досега не е познат на пошироката јавност.
Последниот творечки опус на истакнатиот македонски сликар Нове Франговски е своевиден творечки рекапитулар по долгата авторска и животна патека, создаден како амалгам на сите научени и стекнати визуелни сензации и доживувања.

2 (2)
Нове Франговски е роден во Галичник, 1939 година, починал во 2017 година во Скопје.
Основното и средното образование (отсек скулптура) завршил во Скопје. Во 1966 година дипломирал на Уметничката академија во Белград (отсек сликарство). За време на студиите тој учествувал на повеќе студентски изложби, а исто така учествувал и на „Октомврискиот салон“, во Белград, во 1965 година.

3 (2)
Од 1965 година бил студент на размена со престој во поранешниот Советски Сојуз, потоа во 1973 година се запишал на специјализација на Академијата за ликовни уметности во Рим – Италија.
Од 1968 до 2012 година реализирал над 25 Самостојни изложби, како и над 120 Групни изложби во периодот од 1968 до 2016 година во земјава и странство.
Добитник е на наградите:
1969 – Награда за сликарство на изложбата „25 години од АСНОМ”
1982 – „Нерешки мајстори” – награда на ААМ, Годишна изложба
1983 – „Никола Мартиновски“, награда- изложба „ААМ – цртање 83″
Овој ценет и докажан сликар е претставен во книгата „Уметност на тлу Југославије“, (Уметноста на тлото на Југославија), од едицијата „Сликарство двадесетог века“, (Сликарство во XX век), а е застапен и во националната колекција на Националната галерија на Македонија.

4 (2)

Испрати коментар

Scroll To Top