Насловна / Вести / Изграден потпорниот ѕид на градинката „Панорама“

Изграден потпорниот ѕид на градинката „Панорама“

gradinka panorama_1

Општина Центар ја заврши изградбата на  потпорниот ѕид на градинката „Панорама“, клон на „Кочо Рацин“. Се наместија и канделабри, а сега поради безбедносни причини се мести ограда на ѕидот.

gradinka panorama_2

Наредната недела ќе се санира и урбаната опрема и дворот ќе се уреди хортикултурно.gradinka panorama_4 gradinka panorama_5 gradinka panorama_6 gradinka panorama_7

Ѕидот е долг 32 метри а висок три метри. Тој сега е вкопан во земја, за разлика од оној што се урна пред една година, кој немаше лежиште, а и дебелината на потпорниот ѕид беше 15-20 см, недоволна за да може да го задржи земјиштето.

Стариот потпорен ѕид беше граден пред околу десетина години и покрај низата негодувања и реакции од поранешните жители дека не е изведен соодветно и дека градењето на огромни згради и куќи на Водно, без соодветна заштита може да доведе до големи несреќи.

Оваа опасност и сега демнее на неколку други локации, каде што се изградени големи зданија.

Испрати коментар

Scroll To Top