Насловна / Вести / Изградбата на новото училиште во полн ек

Изградбата на новото училиште во полн ек

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, заедно со советниците и вработените во општината, извршија увид во текот на градежните работи на новото основно училиште, кое се гради во Капиштец.

Оваа најбројна населба, со 12.000 жители, добива за првпат основно училиште, а во општината се гради основно училиште по цели 47 години.

„Задоволни сме од текот на градењето, кое оди според планот, и затоа очекуваме од учебната 2018 година петстотини деца од шест до 15-годишна возраст да ја следат наставата во најмодерното училиште. Таканаречената Школа–Парк ќе има вкупна површина од 12.000 м2, со ботаничка градина, кабинети со најсовремена опрема, подно греење и со спортски објекти“, рече градоначалникот Жерновски.Андреј Жерновски - 22-2-2017

Поставен е темелот на објектот и на ред е првата плоча. Досега се вградени 70 тони арматура, 526 кубици бетон и направен е ископ од 2000 м2 за собирање на подземните води. Десет бунари ќе ги исцрпуваат овие води. Монтирана е хоризонтална изолација и громобранска инсталација.

Изградбата на ова училиште целосно ќе биде покриена исклучиво од буџетот на општина Центар и наместо парите што беа предвидени за барокна гаража, децата од овој дел на општината ќе учат во модерно училиште, изградено од висококвалитетни материјали.

Испрати коментар

Scroll To Top