Малите станови во себе секогаш носат една специфичност и карактеристика која не е толку лесно да се совлада и да се направи стан кој ќе биде максимално функционален а истовремено ќе биде и естетски привлечен.

Овој стан е дизајниран за една млада девојка и се одликува со својот „паметен“ распоред и стручно поделените зони во станот. Во само 26 м2 и со желба да се создадат независни простори како кујна, трпезарија, дневна соба, простор за гардеробери и слично, создаден e еден простор во кој секој би посакал да живее.

Главно изведен во бели тонови на материјалите и ѕидовите, овој стан поседува и еден темносив ѕид каде е поставен и телевизорот. Истовремено, оваа композиција е разбиена и освежена со неколку зелени и сини детали, како на некои од ѕидовите кај влезната партија така и кај завесите.

Овој стан така компониран е максимално искористен и во толку мал простор тој функционира беспрекорно.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија