Насловна / Архитектура / Импресивни светски објекти кои ќе ја одбележат 2021 година

Импресивни светски објекти кои ќе ја одбележат 2021 година

Невообичаени проекти, чија реализација се очекува во текот на оваа година, ќе имаат значајна трага во модерната архитектура.

Пандемијата на коронавирусот можеби одложи многу добри проекти ширум светот, но тоа не значи дека годината што претстои нема да биде интересна од гледна точка на архитектонската и градежната професија.

Иако не се целосно во согласност со условите наметнати од Ковид-19, овие објекти во голема мера се базираат на принципи на одржлив дизајн и дизајн ориентиран кон човекот. Почнувајќи од златните музеи па сè до климатските хотели, овие иновативни згради, чие отворање или завршување на работите се очекува во текот на оваа година, сигурно ќе ја одбележи 2021 година.

Библиотека Far Rockaway (Snøhetta), Њујорк

objekt

Впечатливиот дизајн е наменет како замена за постојната мала, но популарна, јавна библиотека во Квинс во Големото јаболко. Со новиот објект, со вкупна површина од 1.858 метри квадратни, корисниот простор на библиотеката ќе биде двојно зголемен. Според идејата за славење на архитектонската фирма Snøhetta, златната нијанса на новата зграда ја рефлектира бојата на небото над Лонг Ајленд, а проѕирната фасада, како и стаклениот триаголник во влезната област ќе пуштат природна светлина во внатрешноста.

Центар за изведувачки уметности (ОМА), Тајпеј

objekt1

Во средината на 2021 година се очекува да бидат завршени работите на Центарот за изведувачки уметности, кои траеа осум години и се проценуваат на 192 милиони долари. Дизајнот на зградата е импресивен и се карактеризира со сферичен елемент што се чини дека произлегува од примарната форма на зградата, пишува Си-Ен-Ен.

Сепак, не само што надворешноста на оваа зграда е интригирачка. Како што објаснуваат архитектите на компанијата ОМА, зградата има три театри кои работат независно, но кои се спојуваат во централна коцка која функционира како заедничка зона на флексибилна позадина.

Акварела (Жан Нувел), Кито

objekt2

Меѓу најновите проекти на добитникот на наградата Прицкер Жан Нувел, беше зградата Акварела, станбен комплекс со 650 единици во главниот град на Еквадор, Кито. Првата фаза се очекува да заврши оваа година, додека втората фаза може да биде продолжена за следната година.

Иако зградата се состои од неколку засебни деветкатни згради, тие се поврзани со низа балкони кои се обвиткуваат околу зградите за да се добие монолитен карактер. Камената облоги на фасадата, дрвените завеси и многу зеленило имаат за цел да придонесат за одржливоста на објектот, како и да му помогнат да се асимилира со зелената планинска топографија на овој регион.

Хотел Green Solution House (3XN / GXN), Рене

objekt3

Данска наскоро ќе може да се пофали со климатски позитивен хотел, кој ќе апсорбира повеќе јаглерод отколку што ќе произведува за време на нејзиното постоење. Новиот објект всушност ќе служи како ново крило на постојниот хотел GSH и ќе биде скоро целосно изграден од дрво што останало од градежната и индустријата за мебел, додека остатоците од гранит од локалните каменоломи ќе се користат за изолација и декорација.

Архитектонските фирми 3XN и GXN, исто така, размислувале за иднината на зградата, така што нејзините одделни делови се поврзани со реверзибилни споеви и може повторно да се користат кога хотелот ќе го достигне крајот на своето постоење.

Куќа на унгарска музика (Sou Fujimoto Architects), Будимпешта

objekt4

Објектот, кој ќе функционира како музеј, музички и едукативен центар, е дел од проектот „Liget Budapest Project“ , кој опфаќа радикални промени во најголемиот јавен парк во главниот град на Унгарија. Зградата се наоѓа во непосредна близина на езерото Варослигет, а перфорациите на покривот на зградата ќе овозможат дополнително проникнување на природата, бидејќи преку нив ќе можат да навлезат и повисоките дрвја.

Куќата на унгарската музика е всушност омаж на богатата музичка традиција на оваа земја, а исто така ќе биде ново место за собирање на граѓани и туристи кои ќе можат да уживаат секој ден во приземјето на зградата, чии проирни sидови ја заматуваат границата меѓу надворешноста и внатрешноста.

Планирано е со текот на времето, Етнографскиот музеј и Новата национална галерија од 50 илјади квадратни метри да се приклучат на зградата на оваа локација.

Студентски дом OurDomain (OZ/Marcel van der Burg), Амстердам

objekt5

Новиот комплекс за студентски станови во Амстердам ги побива застарените идеи дека зградите од овој тип треба само да ја исполнуваат својата функција. Новиот кампус, со над 1.500 станбени единици, им нуди на студентите разновидни социјални установи и многу зеленило. Комплексот со површина од 90 илјади квадратни метри е поделен на три естетски различни згради, од кои најимпресивна е зградата со „пикселизиран“ дизајн.

Пловечки музички центар (NLÉ), Сао Винсент

objekt6

Во текот на изминатата деценија, NLÉ експериментираше со иновативни начини да се создаде брза и евтина конструкција на површината на водата. Нивниот лебдечки систем Макоко веќе беше искористен за изградба на училишта во Нигерија и Белгија, и сега ќе се примени за нешто уште поинтересно.

Најновата верзија на овој систем е во форма на платформа за изведба и уметност и се наоѓа на површината на Атлантскиот океан. Зградата се состои од три лесни структури во кои има сала за изведба, студио за снимање и бар, кои заедно покажуваат дека пловечката архитектура што е лесна за инсталирање може да понуди прифатлива алтернатива на традиционалните културни места.

Големиот театар Sunac, (Anciens Huang/Steven Chilton Architects), Гуангжу

objekt7

Во кинескиот град Гуангжу, овој театар со две ијлади седишта е инспириран од лелеавата текстура на везената свила. Исто така, зградата и оддава почит на историјата на градот како трговски центар, преку цртежи на фасадата што личи на тетоважа на уметникот Zhanga Hongfeia.

Зградата е составена од неколку илјади алуминиумски панели, кои ја имаат обликувано надворешната обвивка на зградата, која се отвора на места и истовремено нежно ги покрива влезовите во приземјето. Внатре, посетителите ќе можат да уживаат во кружна арена, која е конфигурирана на начин што овозможува зачудувачки перформанси просторно прикажани преку „360 степени“.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top